14.11.2018 РАЗВОЈНА КОМПОНЕНТА НА ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ОД ЕКОНОМСКАТА ОБЛАСТ На 14.11.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за предложените закони од економската и финансиската област, што се од интерес на членките од ИТ-секторот. Компаниите - членки на Здружението сметаат дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија е во сеопфатното зафаќање од сите субјекти и елиминација на „сивата“ економија, вклучувајќи го и нерегулираниот бизнис преку интернет. ![](http://www.mchamber.mk/upload/ikt-14.11.2018.jpg)
Посебно внимание треба да се насочи кон искористување на сите расположливи можности за рационализација на расходите и нивна максимална реализација во функција на развојот и динамична стопанска активност. Потребено е перманентно следење на билансите на приходите и расходите, во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги, вложувања во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем, но и рационализација на процесите на државната администрација. Укажувањата се дека вакви системски промени, најавени на крајот од годината, се дополнителен притисок врз стопанството и не се донесени во партнерски однос со стопанството, без навремено усогласување за да можат субјектите да го приспособат своето работење, особено при утврдувањето на финансиските планови за следната година. Членките на Здружението побараа преиспитување на термините за стапување во сила на предложените закони, со цел спроведување на широки консултации за оценување на ефектот врз ефективното работење, продуктивноста и деловното опкружување. 17.05 2017 ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СО КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ БАРААТ НАМАЛУВАЊЕ НА ОПТОВАРУВАЊАТА Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 17.5.2017 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите - кабелските оператори во Република Македонија.
Компаниите укажаа дека сегашните зафаќања од остварениот приход на кабелските оператори (особено за наплата на авторските права и филмскиот фонд), како и другите финансиски обврски, се пазарно нереални и претставуваат можен предуслов и закана за прелевање на товарот на крајниот потрошувач, преку вградување на дополнителните трошоци во сметките на граѓаните. ____ 07.03.2017 СОРАБОТКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИКТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЦЕНТАР НА ИЗВОНРЕДНОСТ На 7 март 2017 година претседателот на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија имаше состанок со претставници од „PwC“ од Луксембург. Цел на средбата беше размена на мислења во врска со Студијата на изводливост (физибилити студија) за воспоставување Центар на извонредност (Centre of Excellence), кој би ги покривал земјите од Западен Балкан. Студијата е финансирана од страна на Европската инвестициона банка (ЕИБ), а фокусот на студијата е на иновации во две области: Информациски и комуникациски технологии и Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Повеќе >> ![](http://www.mchamber.mk//upload/IKT-07.03.2017.jpg)
____ 26.09.2016 СОГЛЕДУВАЊА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ПРЕКУ ДИЈАЛОГ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ДО РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА Стопанската комора на Македонија преку Здружението на угостителството и туризмот и Здружението на информатичко-комуникациските технологии, во соработка со Американската стопанска комора во Македонија, подржана од ЕУ твининг проектот “Зајакнување на заштитата на правата од интелектуална сопственост”, на денешната прес конференција (26.9.2016 година), организирана во Комората, информираше за заклучни согледувања од страна на бизнис заедницата кои беа усвоени по одржувањето на Тркалезната маса на 22 септември на тема “РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА”. Повеќе >> На тркалезната маса, претставниците на бизнис секторот ја потврдија својата одлуката дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат изработка на Правилник со тарифа за користење авторски музички дела кој ќе обезбеди соодветен надомест за авторите од една страна и економски одржливи трошоци на другата страна.
____ 15.06.2016 ВО РАМКИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ - ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА ЗА ПРОМЕТ СО ИКТ-ОПРЕМА Заради ефикасно остварување на специфичните интереси во рамките на прометот со ИКТ-опрема, на иницијатива на повеќе компании, на 15.6.2016 година се одржа конститутивна седница на која се формираше Групација за промет со ИКТ-опрема како посебна форма на организирање и работење во рамките на Здружението на информатичко-комуникациски технологии. ![](http://www.mchamber.mk//upload/IKT-15.06.2016-3.jpg)
Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и ќе предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите. За претседател на Групацијата за промет со ИКТ-опрема е избран Бобан Тотовски, генерален менаџер на „ТНТ ИТ Маркет“ - Скопје, а за заменици-претседатели се избрани Никола Настевски од „Нико Фон“ - Скопје и Горан Димитровски, директор на „АМЦ“ - Скопје. ____ 29.09.2015 ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ГО ИЗБРА НОВИОТ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР За претседател на Управниот одбор, а со тоа и претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии повторно беше избран г-дин Благој Христов, а за потпретседател беше избран г-дин Герасим Ванчев. ____ 29.09.2015 ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА КРАТКОРОЧНА ИКТ СТРАТЕГИЈА 2016-2017 И НЕЈЗИНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН - ДРЖАВНА ПОДДРШКА СО СУБВЕНЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕРСКИТЕ УСЛУГИ Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на својата редовна седница, одржана на 29.9.2015 година, расправаше за начинот на реализација и активното учество на членките од ИКТ-секторот во предвидените активности на донесената Национална краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план. Здружението учествуваше во Работната група за изготвувањето на овој значаен документ и даде најмногу забелешки и мислења, кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи. Повеќе>> ____ 15.07.2015 ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-КРАТКОРОЧНА ИКТ СТРАТЕГИЈА 2016 - 2017 ГОДИНА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На иницијатива на Владата на Република Македонија, а во соработка со приватниот сектор, академската заедница и невладиниот сектор, во изминатиот период се изготви Предлог-краткорочна стратегија која ќе им овозможи на домашните ИКТ-компании да отвораат нови работни места и да развиваат софтвер и услуги не само за Македонија, туку и за извоз, бидејќи сите анализи покажуваат дека Македонија има голем ИТ-потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции од оваа област. (Повеќе) ![](http://www.mchamber.mk/(S(orh1a1450gtrntmurnme2gf1))/upload/Documents/Zdruzenija/New%20Folder(2)/IKT-29.09.2015-1.JPG)
____ 21.04.2015 ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКА БАНКА НА РАБОТНА СРЕДБА СО Г-ДИН БЛАГОЈ ХРИСТОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 21 април 2015 година, претставници на Светската банка остварија работна средба со Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија на теми поврзани со барањата на приватниот сектор за отворени база на податоци на Владата, како и за тоа како приватните компании, што работат во Република Македонија, би можеле да понудат решенија за големи бази на податоци. Повеќе ... ____ 19.06.2014 Претставници на Светска банка на работна средба со г-дин Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии во Стопанската комора на Македонија - ПОБАРАНА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАТИВНИТЕ РЕШЕНИЈА И ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ На средбата се разговараше на теми поврзани со местото на информатичко комуникациските технологии во развојот на македонската економија и примената на иновативните светски решенија и развојот на човечките ресурси во секторот во Република Македонија. Повеќе ...
ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ - Во тек е подготовката на новиот текст на Законот за електронски комуникации. Доколку имате Ваши предлози, мислење или сугестии во однос на одредби што би биле дел од новиот Закон за електронски комуникации, доставете ги до Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија (за да можеме да ги сублимираме) во следнава форма:
| - Да се дефинира членот од ЗЕК за кој се предлагаат измени;
- Причина за предложената измена;
- Предлог изменета на членот; и
- Референца врз основа на која Директива од ЕУ се базира предлог измената.
| Искористете ја оваа рана фаза на подготовката на новиот текст од Законот, кога се поголеми можностите за Ваше и наше реално учество со посоответни решенија за македонските компании од ИТ секторот. Повеќе на: http://www.mioa.gov.mk/?q=node/217 Заедничка седница на Здруженијата на информатичко-комуникациски технологии и на металната и електроиндустријата - расправаа за управување и отпад со електрична и електронска опрема - НАВРЕМЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ Со стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема („Сл. Весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад. >>> Презентација на сервисот Market Intelligence - ONLINE МЕРЕЊЕ НА Интернет Аудиториум Во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на сервисот Market Intelligence, по повод воведување на системот за Online мерење во Република Македонија. Овој систем подразбира мерење на Интернет аудиториумот, односно мерење на домашните веб сајтови. Со овој сервис се очекува да се придонесe во развојот на Интернетот во Република Македонија, како медиум со најголема стапка на раст во последните години. >>>
Седници на здружението Благој Христов, „Македонски телеком“ - Скопје, Претседател на Управниот одбор. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здруженнието за Информатичко-комуникациски технологии. Игор Димитровски, „ИБМ Претставништво во Македонија“ – Скопје, потпретседател. Членови на Управниот одбор на Здружението за Информатичко-комуникациски технологии се: | - Благој Христов, „Македонски Телеком“ - Скопје;
- Игор Димитровски- „ИБМ Претставништво во Македонија“ – Скопје.
- Антони Пешев- „Ултра“ Скопје;
- Герасим Ванчев, „Семос“ – Скопје;
- Миле Младенов, „Аквила„ – Скопје;
- Сања Ладинска, „Санком тех“ – Скопје;
- Петар Индовски- Горд Системи“- Скопје;
- Васко Павловски- „ЕЦС груп“- Скопје;
- Душко Сапунџиев, „Инел Интеренатионал“-Кавадарци.
|
За претставник од Здружението на информатичко комуникациските технологии, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период од 2015-2020 година, се избира: Благој Христов, од Македонски Телеком АД, Скопје Здружението за информатичко-комуникациски технологии Здружението за информатичко-комуникациски технологии е здружение во рамките на Стопанската комора на Македонија, во кое членуваат компании од областа на: ПРОИЗВОДСТВО НА ХАРДВЕР, ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР, ПРОИЗВОДСТВО НА СОФТВЕР, ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ (оператори на мобилни, фиксни, кабелски и др. мрежи и даватели на услуги), образовани од областа на ИКТ, консалтинг ИКТ компании. Членките во Здружението се партнери, иницијатори и активни учесници во реализација на целите на здружението. Тела во рамките на Здружението се Управен одбори претседател и заменик-претседател на Здружението. Согласно Статутот и Законот на Комората, Здружението предлага и еден член во Собранието на Стопанската комора , како највисокото тело во структурата на Комората. Здружението може да соработува со други сродни асоцијации и здруженија во Македонија и надвор од земјата, какао и да членува во соодветни европски и светски организации. Здружението може да соработува и со други организации при реализација на заеднички проекти од интерес на членките на Здружението. Доколку постои интерес според Законот може да се формираат и Групации во рамките на Здружението. ВИЗИЈА “Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија” МИСИЈА “Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија” СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ | - Преку развој на ИКТ секторот, развој и на македонската економија.
- Зголемување на инвестициите во ИКТ секторот
- Зголемување на извозот во ИКТ секторот, преку креирање на национални ИКТ производи.
|
ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО | - Промоција на членките на Здружението
- Координација на заедничките интереси
- Заштита на интересите на членките.
- Преставување на заедничките интереси пред државните органи
- Директна соработка со ресорни Министерства
- Делегирање на преставници во координативни тела и групи во рамките на државните органи од областа на економијата
- Соработка со државните органи при разгледување на нови регулативи
- Промовирање на конкуррентност на пазарот, имплементирање на стандарди и заштита на потрошувачите
- Подготовка на анализи на пазарот и предлози за разрешување на нерегуларности на пазарот
- Почитување на заштитата на индустриската и интелектуална сопственост и права.
- Организирање на настани и учество на конфернеции на национално и меѓународно ниво.
- Здружението актиувно учествува и во сите активности во рамките на Стопанската комора на Македонија, и ги користи и останатите придобивки и услуги како и членките на другите здруженија.
|
|