Тргнувајќи од карактерот на дејностите што ги опфаќа и од спецификите на секоја поединечна дејност, Здружението на сообраќаотј е од хетероген состав.
Во рамките на Здружението соодветна проблематика третираат следните дејности:
|
1. Копнен сообраќај;
2. Железнички сообраќај
3. Воден сообраќај
4. Воздужен сообраќај
5. Придружни и помошни активности во сообраќајот
6. Активности на други посредници во сообраќајот - шпедиција
7. Поштенски активности
|
На седницата на Здружението на сообраќајот одржана на 31 јануари 2020 година за претседател е избран Зоран Крстевски од ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје. На истата Седница за претставници во Собранието на Стопанската комора на Македонија, избрани се: Иван Петровски од Фершпед АД Скопје и Зоран Крстевски од ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје.