Здружение на трговијата

Здружението на трговијата е стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку кој членовите на Комората од дејноста на трговијата, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност.

Здружението ги обединува и артикулира интересите на правните субјекти кај кои претежна дејност е трговијата на големо или трговијата на мало.

Членките во здружението имаат можност согласно своите потреби и интереси да формираат постојани организациони форми преку кои ќе ги идентификуваат, дефинираат и сублимираат специфичните интереси.

Според Правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението на трговијата (линк) , основни цели и задачи на ова Здружение пред се’ се:

 
  • разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  • усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  • усвојување заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  • разгледување предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
  • иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
  • унапредување на бизнис-климата во земјата, преку поттикнување на имплементација на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
  • ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.
  • градењето на стабилни и продлабочени партнерски односи со надлежните државни органи и институции, а особено со Министерството за економија и надлежните инспекциски органи, во функција на создавање здрава клима на лојална конкурентска основа.

Соработката и партнерскиот однос со надлежните државни органи и институции е од посебно значење, чиј бенефит би бил во можноста за проактивна превенција во донесувањето и спроведувањето на законската и подзаконската регулатива, во сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција на пазарот и сл.. Ваквата соработка резултира со зголемена ефикасност, добра стопанска клима, континуран пораст на квалитетот и економски просперитет.

Придобивките од партнерскиот однос треба да бидат взаемни.

Претседател на Здружението на трговијата е Харитон Гаџоски, БЛУ-ЧИП - Скопје

Заменик-претседатели на Здружението на трговијата Румен Смилевски, МАЛИНА 99 - Велес

 


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
●   Харитон Гаџоски ПретседателБЛУ ЧИП, Скопје
●   Румен Смилевски Заменик претседателМАЛИНА 99, Велес
●    РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА, Скопје
●   Асмир Јахоски ПУЦКО ПЕТРОЛ, Скопје
●   Атанас Јошевски АГРОТЕХНА, Скопје
●   Даница Личанин Блажеска РЕПТИЛ, Скопје
●   Д-р Ѓорги Нацка АВИЦЕНА, Скопје
●   Елизабета Ицева ВЕРОПУЛОС, Скопје
●   Иван Ристовски АВТ ИНТЕРНАТИОНАЛ, Скопје
●   Јовица Пешиќ АНГРОКУМ, Куманово
●   Младен Дамев СКОПСКИ ПАЗАР, Скопје
●   Спасе Јакимов ТУРТЕЛ, Штип
●   Тања Камчева Лазаревиќ Друштво за трговија на мало и големо КАМ ДОО Илинден, Скопје


Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје