Здружението на хемиската индустрија ги опфаќа стопанските субјекти од базичната хемиска индустрија, производството на индустриски гасови, производството на фармацевтски производи, производство на козметички производи и средства за домаќинство, производство и преработка на пластични маси и гума.
Во Здружението на хемиската индустрија при Комората членуваат околу 60 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија, од сите гореспоменати дејности.
Со цел третирање на специфични интереси на членките, како посебни форми на делување во рамките на Здружението на хемиската индустрија формирани се две групации:
| - Групација за производство и преработка на пластични маси
- Групација на производители на средства за хигиена
|
Здружението на хемиската индустрија на седницата одржана на 30.01.2020 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен мандатен период го избра Александар Чадиковски, ТГС Технички гасови АД - Скопје, а за заменик-претседатле го избра Зоран Костовски, Алкалоид АД - Скопје.
ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Здружението на хемиската индустрија