Здружение на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност

Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност ги опфаќа фирмите од следните дејности:

    • - преработка на дрво, производи од дрво и плута, освен мебел;
    • - производство на предмети од слама и плетарски материјал;
    • - производство на мебел и други разновидни производи;
    • - шумарство и искористување на шуми;
    • - производство на хартија и производи од хартија;
    • - печатење и репродукција на снимени медиуми (записи);
    • - издавачка дејност.

Повеќе од 100 фирми се репрезенти во овие дејности и се активни членки на Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност.

На 24.01.2020 година, беше одржана Конститутивна седница на Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност, во Стопанската комора на Македонија. На седницата, покрај тоа што се утврдија активностите за работа, едногласно беа усвоени и Правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност.

Основни цели и задачи на Здружението се:

    • - да разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста;
    • - да ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на своите дејности, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
    • - да усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
    • - да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и да покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
    • - да иницира и да остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со програмските активности и општите акти на Комората;
    • - да работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, да ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејностите;
    • - да ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.

На конститутивната седница на Здружението беа избрани претседател и двајца заменици-претседатели.

За претседател на Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност е избран: Драги Милошевски, АД „Киро Дандаро“ - Битола, а за заменици-претседатели на Здружението беа избрани: Мирослав Грнчароски, Печатница „Напредок“ ДООЕЛ“ - Тетово и Олгица Кржева, „ДС Симтх“ АД – Скопје.

Мандатот на претседателот и на замениците-претседатели изнесува 5 години со можност за повторен избор.

За претставник од Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025 година беше избран:

-Тони Златески, „93 ДЕ НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ – Прилеп.

Правила за организацијата и начинот на работа на Здружението


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
●   Мирослав Грнчаровски Заменик претседателНАПРЕДОК ПРИНТ ДООЕЛ, Тетово


Контакт лице: Валентина Цветковска
Телефон: ++ 389 2 3244063
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: valentina@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје