Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори

Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори e форма на организирање во рамките на Стопанската комора на Македонија на стопански субјекти кои се вклучени во циркулацијата на секундарните суровини, односно кои вршат дејности на откупот, третманот, складирањето и транспоротот на секундарниот отпад, како и претставници на индустриските капацитети- рециклатори на секундарните суровини.

Асоцијацијата брои околу 50 членки, значајни репрезенти на дејностите сврзани со управувањето и користењето на секундарните отпадни суровини.

Основните правци на делување на Асоцијацијата се успешно управување со секундарниот отпад врз основа на квалитетна законска регулатива и подигање на нивотот на дејноста согласно нејзиното место во вкупните стопански движења. Значењето на секунданите суровини опфаќа неколку аспекти и тоа: потребата на индустриските капацитети чии развојни концепти се повеќе се базираат на користење на секундарни суровини, аспектот на зачувување на животната средина, и економскиот и социјалниот аспект.

На  седницата од 15.5.2014 година за претседалет на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори е избран Владо Момировски- Екоцентар 97-Скопје а за заменик претседател,  Павлина Варадинова од Петреп-Штип.

Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021, М. 072 220 037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје