Македонска Транспортна Асоцијација - МТА

Со цел ефикасно остварување на целите и потребите на давателите и корисниците на транспортните услуги, во Стопанската комора на Македонија на 01.03.2012 година се формираше Македонската Транспортна Асоцијација (МТА). Оваа Асоцијација, како единствена од ваков вид организациона форма на делување во Р. Македонија, покрај давателите на транспортните услуги од железничкиот, авионскиот, патниот и поштенскиот сообраќај, ќе ги обединува и корисниците на транспортните услуги, кои ќе дадат свој придонес во насока на развој на транспортот согласно потребите на извозно ориентираните компании.

Формирањето на оваа Асоцијација е пред се` здружување на фирмите кои оперираат во оваа област, со цел да се надминат проблемите при работењето како и давање мислења, сугестии и решенија за одредени законски прописи, како и унапредување и развој на дејноста.

Дел од активностите на Асоцијацијата ќе бидат насочени кон потребата од либерализација на услугите во железничкиот сектор, потребата од унапредување на квалитетот на железничката услуга, носење на соодветна регулатива за комбинираниот сообраќај, развој на мултимодалните јазли за меѓусебна поврзаност и претовар на транспортираната стока како услов за функционална и ефикасна транспортна логистика, како и прашањата за транспортната инфраструктура. Во таа насока, Асоцијацијата ќе ги разгледува и можностите за носење на стратегија која ќе услови развој на мултимодалниот концепт и транспортен систем во Република Македонија.

Претседател на Асоцијацијата е Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, а подпретседатели се Јане Адамчески од Макстил, компанијата која е една од најголемите корисници на транспортни услуги и Кире Диманоски од Македонски Железници Транспорт АД Скопје, моментално единствен давател на железнички услуги во земјата.

Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Телефон: ++ 389 2 3244034, M. 072 236 710
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: biljana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје