ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис! 14.06.2020
👁 Прочитано: 17808


Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE –Хрватска, Ви помага во унапредувањето и заштитата на Вашето деловно работење, преку обезбедување на достапност на бонитетни извештаи од глобалната мрежа на Групацијата Coface, која е присутна во повеќе од 200 земји.

Бонитет

Бонитетниот извештај Ви овозможува проверка на вашиот потенцијален  деловен партнер и претставува Ваш патоказ за сигурен бизнис.

Бонитетниот извештај ќе Ви овозможи брзо донесување  на одлуки, врз основа на вредни информации кои ќе Ви помагаат во проценката на потенцијалните деловни партнерии и категоризацијата на купувачите врз основа на нивната кредитна и платежна историја.

Специфичност на услугата Бонитетен извештај:

• Нарачка и достава преку е-пошта или факс, во формат  PDF
• Извештаите вклучуваат кредитен рејтинг, информации за плаќањата и максималната препорака на кредитот во бројки.
• Извештајот е достапен на англиски или германски јазик.



Контакт лице: Валентина Цветковска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување
Телефон: ++ 389 2 3244063
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: valentina@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015