КИФ на ЗБ6 со повик до малите и средните претпријатија (МСП) од шесте земји на Западен Балкан (ЗБ6) за учество во „Програмата за техничка помош“ за влез на европските и на светските пазари
➢ КИФ - Отворени повици (17.01.2023, во 13:51:00)
👁 Прочитано: 3254





КИФ на ЗБ6 со повик до малите и средните претпријатија (МСП) од шесте земји на Западен Балкан (ЗБ6) за учество во „Програмата за техничка помош“ за влез на европските и на светските пазари  Кликни за повеќе

Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ) е заедничка иницијатива на стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, којашто ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании со мисија да ја поврзе деловната заедница од регионот и да овозможи обединет глас на бизнисот во регионот.

Во рамки на „Програмата за развој на снабдувачи“, а со поддршка од Европската комисија, 60 избрани МСП од регионот Западен Балкан (10 компании по економија) ќе имаат шанса да добијат бесплатна помош за да ги пласираат нивните производи на пазарите на ЕУ.

Што добиваат компаниите бесплатно од оваа програма?

За време на техничката помош, МСП од Западен Балкан ќе добијат поддршка од експерти за стекнување компетенции што ќе ги направат попривлечни за влегување во европските и светските вредносни синџири, вклучувајќи подготовка на нивна извозна стратегија, обуки скроени според потребите и поддршка, како и подобрување на нивните дигитални вештини и на дигитализацијата.

Во рамки на техничката помош, сите МСП ќе:

  • добијат опсежен извештај околу потенцијалните извозни пазари во ЕУ за нивната дејност,
  • учествуваат во обуките скроени според нивните потреби за да го подобрат нивниот капацитет за дигитализација и за извезување,
  • добијат обука како да ги користат дигиталните алатки за да најдат податоци за извозни пазари во иднина,
  • имаат средба очи в очи со експертите за да ја прегледаат нивната извозна стратегија и да добијат дополнителна поддршка,
  • добијат список од 10 потенцијални партнери од нивната дејност коишто можеби се заинтересирани за идна соработка.

На крајот од програмата, компаниите ќе подготват нивна сопствена извозна стратегија, низ еден процес предводен и олеснет од експерти во тоа поле.

Предуслови за кандидатите

Апликациите се ограничени на мали и средни компании регистрирани за следниве дејности:

  • преработка на овошје и зеленчук,
  • производство на машини и делови за машини,
  • производство алкохолни пијалаци (вино, вињак/ракија итн.).

Кандидатите треба да се регистрирани во една од шесте економии на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Србија и треба да имаат регистриран профил на базата со податоци за пристапување на пазари https://www.market-access.wb6cif.eu/ .

Рокот за поднесување апликации истекува на 6 февруари 2023 г. во 12 ч.

Линк до апликацијата

Служба за информирање при Комората