Според најновото истражување на порталот ПАРИ и листата 100 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија за 2022 година, објавените 100 компании вработувале вкупно 81.426 вработени.
Кај истите работодавачи во 2021 година имало вкупно 78.920 вработени. Значи, за една година вкупниот број кај најголемите работодавачи се зголемил за 3.136. Секако, поединечно гледано, имало фирми кај кои се зголемил бројот на вработени, а имало и кај кои се намалил, но крајниот ефект бил – повеќе работници. Всушност, податоците покажуваат дека најголемите работодавачи станале уште поголеми.
Од објавените 100 најголеми работодавачи , 35 се компании со странски капитал, поточно се членки на Советот на странски инвеститори, а кои вработуваат вкупно 40.743 вработени или 51,7%.
Членките на Совет на странски инвеститори го зголемиле бројот на вработени за околу 11% просечно во однос на претходната 2021 година.