Честитки за германската компанија КОСТАЛ Македонија, која воедно е и член на Советот на странски инвеститори за врачениот сертификат од страна на Светската царинска организација за успешна соработка со Царинската управа. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев заедно со директорот на Костал, Виктор Мизо, разговараа за активностите што ги презема Царинската управа како и за новите проекти коишто се реализираат со поддршка на Светска банка и ЕУ, меѓу коишто и Националниот едношалтерски систем.
На средбата Директорот на „Костал“, Виктор Мизо кој воедно е и претседател на Советот на странски инвеститори истакна дека анализата за бизнис инвестицискиот индикатор на Советот на странски инвеститори за 2023 година, покажува дека Царинската управа е најдобра од сите државни институции, којашто секогаш има поддршка, отворена дискусија и транспарентност.
КОСТАЛ Македонија започна со производство во Северна Македонија во 2016 година, како браунфилд инвестиција лоцирана во Охрид, а денеска на глобално ниво е една од водечките компании за производство на електронски компоненти за автомобилската индустрија. КОСТАЛ Македонија вработува 1.050 лица, а минатата година остварила извоз од 130 милиони евра.