Прв состанок на Владата со странските инвеститори: Договорени реформи кои треба да ја зголемат конкурентноста на компаниите и на Македонија како дестинација за нови инвестиции
➢ Актуелно (06.09.2024, во 08:02:00)
👁 Прочитано: 86





Прв состанок на Владата со странските инвеститори: Договорени реформи кои треба да ја зголемат конкурентноста на компаниите и на Македонија како дестинација за нови инвестицииКликни за повеќе

На 4 септември 2024 се одржа првиот заеднички квартален состанок на Советот на странски инвеститори со Претседателот на Владата и економскиот тим на Владата на РС Македонија.

Во присуство на претставници на 40-тина компании со странски капитал кои работат во Македонија и претставниците на економскиот тим на Владата се разговараше на теми поврзани со даноци и царини, инфраструктура, образование, конкурентност, и беше нагласена неопходноста од унапредување на владеењето на правото и правната сигурност за бизнисот, воопшто.

Во конструктивна атмосфера и низ плодна дискусија беа изнесени барањата и потребите на компаниите, при што Владата и Советот на странски инвеститори си зададоа заеднички задачи за реформи и потенцијални законски измени кои треба да се случат во следниот период. 

Во наредниот период ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на конкретни подобрувања што ќе значат подобрување на бизнис климата во државата и зголемување на конкурентноста и успешна работа на постојните инвеститори, но и привлекување на нови странски инвестиции. 
Следниот заеднички состанок е закажан за првата половина на декември.

Служба за информирање при Комората