Центар за едукација и развој на човечки ресурси
08.07.2020
👁 Прочитано: 41014


Во Комората  активно функционира „Центарот за едукација и развој на човечки ресурси", којшто препознавајќи ја потребата на компаниите од дополнителна едукација, организира низа едукативни настани, семинари, обуки, презентации, советувања и работилници се со цел да го подигне нивото на свест кај носителите на стопанството во нашата земја за професионално обучени кадри.

Центарот за едукација го поттикнува претприемачкиот дух, конкурентноста и професионалноста во бизнис секторот, придонесува постоечките компании да се развиваат во духот на европските трендови во рамките на стопанското работење, што пак директно се рефлектира на економијата во целина и придонесува нашата земја преку бизнис секторот да биде рамноправен член  на  европското економско работење и конкурентност.

За таа цел, Ве покануваме континуирано да ги следите нашите едукативни настани и активно да завземете учество на истите, се со цел заеднички да напредуваме, бидејќи тоа е највозбудливиот дел од нашето секојдневие.



ИДНИ ЕДУКАТИВНИ НАСТАНИ
Работилница, 20.08.2026
„САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: НОВИ ОБВРСКИ, НОВИ РИЗИЦИ И ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАТ ОРГАНИЗАЦИИТЕ?“

Стопанската комора на Северна Македонија, на 20 август 2026 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Сајбер безбедност, вештачка интелигенција и лични податоци: нови обврски, нови ризици и што треба да направат организациите?“.
Новата подзаконска регул ...

Работилница, 21.08.2026
ПЛАТАТА ПОД ЛУПА:Кога работодавачот смее да задржи дел од платата? Разлика помеѓу додатоци на плата (Прекувремена работа, ноќна смена, дежурства) и надоместоци на плата (Надоместок за годишен одмор)

Стопанската комора на Северна  Македонија, на 21 август 2026 година, организира еднодневна, интерактивна и практично ориентирана онлајн работилница на тема: „ПЛАТАТА ПОД ЛУПА: Кога работодавачот смее да задржи дел од платата? Разлика помеѓу додатоци на плата и надоместоци на п ...

Семинар, 24.08.2026
ПРИМЕНАТА НА НОВИОТ ЗАКОН И НОВИТЕ ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ВО ОБЛАСТА НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ, КОИ СЕ ОБВРСКИТЕ, ПОСТАПКИТЕ И НЕГОВАТА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност, со кој целосно се регулира  продукцијата  на службени електронски документи, како и чувањето, заштитата и користењето на електронскиот архивски материјал, п ...

Работилница, 25.08.2026
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФОКУС:Приговор на отказно решение: Дали работодавачот има право да не одговори на приговорот? Како се смета рокот за тужба кога нема одговор на приговорот (основ за отфрлање на тужбата)?

Стопанската комора на Северна Македонија на 25.08.2026 година организира еднодневна онлајн работилница со фокус на престанокот на работниот однос. Во рамки на работилницата ќе се разгледуваат законските основи за отказ, начинот на нивно правилно утврдување и документирање, как ...

Семинар, 26.08.2026
Акредитирана обука: ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД

Компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, согласно член 21 од Законот за управување со отпад, се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено ...

Контакт лице: М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015