Семинар 04.07.2024
НАЈДОБРИ ПРАКСИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАГАЦИН

Онлајн семинар


Управувањето со магацин се повеќе станува актуелна тема во компаниите. Од начинот на кој е организиран магацинот и начинот на кој тој се управува во голема мера зависи успешноста на компанијата. Систематизацијата на активностите во магацинот само навидум изгледа едноставна и лесна за организација. Концептот на современите и ефикасни магацини бара добро планирање за да бидат вклучени сите важни чинители кои придонесуваат за ефикасноста на магацинот: локација, просторен распоред, поделба на зони, организација и управување со вработените, избор и користење на опрема, систематизација на процесите, софтверска поддршка, систем за известување и контрола.
 
 Цел на семинарот
Целта на семинарот е да се добие целосна и јасна слика за сите елементи кои влијаат на ефикасноста на работењето во магацинот и да се научат некои техники кои веднаш може да се применат во пракса.
 За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сопственици, менаџери и вработени во компании, пред се
во трговијата на големо и мало и производни компании, кои сакаат да го
осовременат работењето во магацините.

Придобивки од обуката
∙Воведно познавање на компонентите кои го сочинуваат управувањето со магацин кое ќе Ви помогне да направите паметни одлука што треба да вклучите во модернизирањето на вашиот магацин;
∙Некои од презентираните техники ќе можете самостојно да ги имплементирате веднаш после одржаната обука.
 ПРОГРАМА:
1.Основи на управувањето со магацин?
2.Што е управување со магацин?
3.Разлика помеѓу управување со залихи и управување со магацин?
4.Принципи за управување со магацин.
Процес за управување со магацин:
∙ Развој на јасно дефинирање на работни процедури;
∙ Организирање на тимови;
∙ Максимално искористување на сите ресурси - опрема, простор;
∙ Обезбедување задоволни клиенти;
∙ Фокус кон оптимизација и заштеди.
 Организирање на магацинот: Дефинирање и дизајнирање на магацинот:
∙ Локација: поставеност, близина и пристап, користење на технологија, можност за идно 
  проширување;
∙ Дизајн на распоредот на магацинот: Цели, компоненти на дизајнот;
∙ Управување со залихата во магацинот: Чување, влез, излез, контрола;
∙ Управување со безбедност во магацинот: распоред, опрема, простории, обука и документација.
Управување со операциите во магацинот:
∙ Концепт на оптимизиран магацин;
∙ 5S методологија;
∙ Процес на сместување на стоки.
∙ Процес на испорака:
   - Управување со време од нарачка до испорака;
   - Пикирање;
   - Пакување;
   - Испраќање.
Процес на пикирање:
∙ Употреба на технологија во магацин;
∙ Баркод скенери;
∙ Автоматизирани скенери;
∙ RFID.
Систем за управување со магацин (WMS):
∙ Концепт;
∙ Опрема;
∙ Начин на имплементација.
Што е 3PL и кои бизниси можат да го користат?
 
Предавач на семинарот:

Славчо Бујароски, уште од 1992 година се занимава со помагање на компаниите да ги осовременат сопствените деловни процеси со цел зголемување на нивната eфикасност преку нивно оптимално структурирање и имплементација на современи ИТ решенија.
Елекроехнички инженер и претприемач од 1995 со огромно искуство и познавање на дизајн, развој, имплементација и поддршка на деловни софтверски решенија за управување со компании. 
Водел повеќе од 200 имплементации на комплексни софtверски решенија во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Албанија.
Посветен кон дизајн на најдобри деловни процеси во компаниите има стекнато експертско познавање во следните области: Сметководство и даноци, Управување со снабдувачки синџир (Supply Chain Management), Системи за управување со магацин (Warehouse Management Systems), Напредна Дистрибуција, Производство, Молапродажба и Електронска размена на податоци - EDI.
 Сите заинтересирани учесници за овој „онлајн“-семинар  можат да се пријават најдоцна до 2 јули  2024 година. 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015