Семинар 17.12.2024
ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ И ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО, УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО, ТИМСКА РАБОТА И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ И КОНФЛИКТИТЕ

сала 1, 5-ти кат


Организациската комуникација е важен аспект од деловното опстојување на секоја компанија. Таа е темел и појдовна точка за постигнување повисока компаниска ефикасност. Деловната комуникација го овозможува преносот на информации меѓу вработените и ги решава и елиминира недоразбирањата меѓу нив. Без оглед на тоа колку деловното комуницирање изгледа како секојдневен и едноставен процес, кој сам по себе се одвива, добрите менаџери знаат дека мора да се потрудат добро да ги искористат вештините за ефикасна деловна комуникација, рационално управување со времето, тимска работа и вештините за успешно решавање на проблемите и конфликтите, а се со цел остварување деловни придобивки за компанијата. 
На интерно ниво, добрите вештини за комуницирање придонесуваат за воспоставување добри меѓучовечки односи помеѓу вработените, но и на релација вработени – менаџери. Добрата комуникација помага при создавање на успешна деловна средина и организациска култура каде што постои меѓусебно почитување и мотивираност на вработените за остварување на организациските цели, но и каде што се негуваат правилните норми, вредности и ставови. 
Во современата глобална економија, кога многу малку компании функционираат само во границите на земјата во која се наоѓаат, наспроти мноштвото компании што се одлучуваат да функционираат меѓународно, не смее да се заборави подобрувањето на интерперсоналниот и интеркултурниот однос. Сите претходно наведени аспекти на корисноста на добрите вештини за интерна деловна комуникација имаат статус на начини преку кои индиректно или директно се помага при остварувањето на организациските цели, што секако води кон позитивен ефект врз успешноста и ефикасноста на компанијата.

ПРОГРАМА
Модул 1: 
УЛОГАТА НА КОМУНИКАЦИЈАТА

-    Процесот на комуникација;
-    Видови деловна комуникација;
-    Комуникациски бариери;
-    Читање на работното место.
НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА И ТИМСКА РАБОТА
-    Улогите на невербалната комуникација;
-    Невербалните симболи и вашиот стил;
-    Процес на слушање;
-    Тимска работа.
Модул 2: 
-    ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА
-    ПИШУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИ И НА КОРИСНИЦИ
-    ТЕХНИЧКА КОМУНИКАЦИЈА
-    ПРЕЗЕНТАЦИИ И СОСТАНОЦИ 
-    Усни презентации;
-    Планирање презентација;
-    Организирање презентација;
-    Начин на држење говор;
-    Ефективни состаноци;
-    Видови состаноци;
-    Документи за состаноци;
-    Учество на состаноци;
-    Организирање продуктивни состаноци.
Модул 3: 
-    TIME MANAGEMENT - УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО
-    Управување со времето;
-    Дефиниција за добро управување со времето;
-    Вештини за управување со времето;
-    Придобивки од доброто управување со времето.
Модул 4: 
-    РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ 
-    НАЧИН ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИТЕ
-    РЕШЕНИОТ КОНФЛИКТ Е ПОБЕДА НА РАЗУМОТ И ЧОВЕЧНОСТА
-    Спротивставување;
-    Прилагодување;
-    Избегнување;
-    Колаборативен начин;
-    Компромис;
-    Преговарање со посредување.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: 

-    Вработени лица на различни работни позиции во рамки на вертикалната хиерархија на организацијата.

ПРЕДАВАЧИ:
- Проф. д-р Драган Ѓурчевски - доктор на економски науки, специјалност меѓународна економија и деловно комуницирање.
- Доц. д-р Горанчо Јакимов - доктор на хуманистички науки, долгогодишно искуство во управување и менаџирање на јавни установи.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 16.12.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015