Семинар 17.12.2024 - 18.12.2024
САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

„онлајн“-семинар 09:00 - 13:00 часот


Во ера на дигитализација на работните процеси, сајбер безбедноста и приватноста се соочуваат со растечки предизвици. Оттука, несомнено се наметнува потребата од фокус кон сајбер безбедност и навременото идентификување, пресретнување, како и соодветно и навремено одговарање на ризиците, за да се спречи одреден настан кој би имал негативен исход врз работењето на компанијата.

За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија на 17 и 18 декември 2024 година организира „онлајн“ семинар на тема „САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ“.
Овој семинар ќе им овозможи на учесниците да се здобијат со основни и со напредни знаења и вештини за управување со информациската безбедност и со заштитата на податоци, како и со актуелните ИТ-закани со кои можат да се соочат сите деловни субјекти. Семинарот овозможува учесниците постепено да се запознаат со ИТ-безбедноста и со чекорите што треба да се преземат за превенција и за заштита, како на ниво на компанија така и на индивидуално ниво.

Преку семинарот ќе се даде одговор на прашањата што се однесуваат на тоа како соодветно да се третираат ИТ-заканите, кои превентивни и детективни мерки да се применуват и кои се актуелните заштитни мерки од социјален инженеринг и од фишинг-напади, како да се класифицираат безбедносните ризици, какви прописи се потребни и кој треба да биде одговорен за нивната изработка и за нивното следење, како да се управува со кризните ситуации, на што треба да се обрне внимание при екстернализација на ИТ-услугите, но и како безбедно да се управува со интерниот развој и како правилно да се применат крипто-алгоритмите и различните методи за автентификација. Во рамките на семинарот ќе се опфати и изработката на анализа за позитивни, но и за негативни искуства од големи компании при управувањето со информациската безбедност и со заштитата на податоци.

Семинарот е наменет за ИТ-менаџери во компании, за раководители и вработени во ИТ-сектори кои се задолжени за развој на софтвер, тестирање на функционалности и за квалитет на софтверот, како и за ИТ-поддршка; за ИТ-сервис менаџери и за ИТ-проектни менаџери, за вработени во службите за безбедност на информациските системи, за интерни и екстерни ревизори, за вработени кои работат на развој на софтвери, како и на деловни и клиентски апликации, за лица задолжени за креирање и за контрола на ИТ-договорите и за следење на ризикот над екстернализираните ИТ-процеси, за вработени кои работат на развој на софтвер, за вработени во деловните сектори кои сакаат да го зголемат нивото на контрола над своите ИТ-процеси, како и за оние кои се занимаваат со развој на нови услуги преку дигитализација на работењето (електронски бизнис, мобилни услуги и сл.); за оние кои имаат потреба од заштита на информации за клиентите и за деловното работење поради висок степен на одговорност, регулаторни барања и на ризици во секојдневното работење.
Напомена: за следење на семинарот потребно е учесниците да имаат основно разбирање на ИТ-системите и на деловните процеси, како и познавање од основите на ИТ-нападите и на ранливоста на компаниите.

Целта на семинарот е учесниците да се здобијат со основно и со напредно знаење од областа на управувањето со информациската безбедност и со заштитата на податоци, да научат како да ги дефинираат и реално да ги проценат безбедносните ризици во организацијата, но и како подобро да ја разберат ИТ-контролата што се применува за детектирање и за превенција во начинот на кој се манифестираат безбедносните закани.

НАПОМЕНА: Учесниците е потребно да имаат основно разбирање на ИТ системите и деловните процеси, разбирање на основните ИТ напади и ранивости во компанијата.

ПРОГРАМА

I сесија: Информациска безбедност    

•    Управување со информациската безбедност во редовни и во кризни ситуации
•    Управување со правата за пристап
•    Улоги и одговорности на вработените
•    ИТ-средства – хардвер и софтвер
•    Приватни и службени уреди
•    Управување со безбедносните барања
•    Дигитална и виртуелна безбедност
•    Годишна ревизија на правата за пристап во апликациите и известување
•    Регулатива – општа регулатива за заштита на личните податоци (GDPR)
•    Стандарди и најдобра пракса
•    Актуелни случувања и примери од праксата

II сесија: Високотехнолошки криминал и ИТ-закани
•    Злонамерни софтвери
•    ИТ-напади и закани
•    Keylogger – метод на напад, влијание и примери од пракса
•    Ransomware – метод на напад, влијание и примери од пракса
•    Како да се заштитиме
•    Спречување напади, превенција и детектирање    

III сесија: Социјален инженеринг и ИТ-закани
•    Социјален инженеринг и фишинг (phishing)
•    Актуелни закани и злоупотреби
•    Примери на социјален инженеринг од регионот
•    Видови напади и закани
•    Што треба да преземете кога се сомневате дека сте нападнати
•    Што треба да преземете кога се сомневате дека сте хакирани

IV сесија: Социјален инженеринг во пракса
•    Целен напад врз поединци – анализа на примери од пракса

V сесија: Заштита на податоци
•    Дефинирање процеси за заштита на податоци
•    Класификација на информации
•    Приватност на податоци од клиенти и од вработени
•    Управување со лични податоци
•    Информациски средства на компанијата
•    Лична приватност – што да направите и како да се заштите
•    Примери од пракса – актуелни случувања

VI сесија: Работилница
•    Заштита на податоците во пракса – добри и лоши искуства

VII сесија: Криптографија и методи на автентификација
•    Криптографија и примена
•    Крипто алгоритми
•    Дигитален потпис
•    Безбедносни протоколи
•    Методи на автентификација
•    Управување со лозинки

VIII сесија: Злонамерни софтвери
•    Дали секој злонамерен софтвен има јасна цел?
•    Кој се’ не напаѓа?
•    Бирање на мета и постигнување на целта
•    Истражување и подготовки
•    Грешки во текот на развој
•    Пуштање и ширање на злонамерен софтвер

IX Сесија: Работа на одалечена локација
•    Безбедносни предизвици – стари и нови
•    Кои локации се безбедни
•    Ажурирање на софтвери
•    Користење на ИТ уреди и поврзување на Интернет

X сесија: Управување со безбедносни ризици
•    Класификација и анализа на безбедносните ризици
•    Превземање на мерки за ублажување на безбедносните ризици
•    Кога прифаќаме безбедносни ризици?
•    Примери на добро и лошо управување со безбедносни ризици

XI сесија: Скенирање на ранливост и имплементација на patch
•    Дефинирање на процеси, улоги и одговорности
•    Скенирање на софтверска ранливост
•    Ажурирање (Update) и patch management
•    Улога на екстерните партнери
•    Известување

XII сесија: Примери од пракса
•    Сајбер напади на компанијата

Предавач:

- Лука Милинковиќ, Менаџер за безбедност, управување и ризик во компанија за развој и дизајн на софтверски решенија. Милинковиќ има повеќегодишно искуство со контрола и со управување на електронските ризици, со специјализација во областа на дефинирањето на електронските процеси (ITIL-процеси) и на примена на самата контрола. Со информациска безбедност и со едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, како и во неколку банки во Р Србија. Има работено на развој и на примена на безбедносни методи, мрежни технологии и на алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и на меѓународни научни конференции, а член е и на електронското списание PC Press. Тој, исто така, е сертифициран внатрешен ревизор за управување со ризик ISO/IEC 27001 и ISО 31000.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    

  • упатства за приклучување на „онлајн“ семинарот;
  • работни материјали во електронска верзија и
  • eлектронски сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj “онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 13.12.2024 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.04.2026
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ СО МЕДИЦИНСКИ ОТПАД , КАКО И НАЧИНОТ НА ПАКУВАЊЕ И ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ ОТПАД
Семинар, 21.04.2026
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ ВО ЗДРАВСТВОТО: ВОДЕЊЕ ЕВИДЕНЦИИ И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Повик, 22.04.2026
ОТВОРЕН И КАРИЕРЕН ДЕН НА УГД
Семинар, 22.04.2026
CONTENT WRITING СО AI: КАКО ДО ПОЕФИКАСНО КРЕИРАЊЕ НА ТЕКСТУАЛНА СОДРЖИНА СО ПОМОШ НА AI АЛАТКИ
Семинар, 22.04.2026
НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА МЕДИЦИНСКИ СРЕДСТВА
Семинар, 23.04.2026
ВОВЕД ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И АРХИВСКА ДЕЈНОСТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.135/25), ВО ОДНОС НА ЗАШТИТА, ЧУВАЊЕ, ОБРАБОТКА И КОРИСТЕЊЕ НА АРХИВСКИОТ И ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 23.04.2026
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИ - Градење на култура на ефикасност и квалитет со континурано подобрување -
Семинар, 24.04.2026
ГОДИШЕН ОДМОР ВО ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР, ОСНОВ ЗА СТЕКНУВАЊЕ, НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ И НАДОМЕСТОК ЗА НЕИСКОРИСТЕН ГОДИШЕН ОДМОР, ПРЕДЛОГ УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И НАЈБИТНИ СЕГМЕНТИ ОД НОВИОТ ЗАКОН
Семинар, 24.04.2026
КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ВИСОКИТЕ КАЗНИ: УЛОГАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Семинар, 28.04.2026
КАКО ChatGPT ДА РАБОТИ ЗА ВАС: ОД ПОТРЕБА ДО РЕШЕНИЕ
Семинар, 28.04.2026
КОЛКУ ПОТЕШКОТИИТЕ ВО НАПЛАТАТА НА ПОБАРУВАЊАТА ВЛИЈААТ ВРЗ УСПЕШНОТО РАБОТЕЊЕ НА КОМПАНИИТЕ? КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ТРЕНДОТ НА НЕНАВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ ВО ДЕЛОВНИТЕ ОДНОСИ?КОИ СЕ НАЈЕФИКАСНИТЕ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НАВРЕМЕНА НАПЛАТА И ДАЛИ ФИНАНСИСКАТА
Семинар, 29.04.2026
ВОДЕЊЕ ТИМОВИ: ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ И ФИДБЕК - ТЕХНИКИ ЗА ПОВИСОК УЧИНОК  -