Семинар 18.12.2024
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА

Онлајн семинар


Целта на „онлајн“  семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на начинот на затварање на деловодник поради завршување на тековна година, подготовка на овластувања за вработените кои се распоредени во писарница и архива, подготовка и составување на записници за враќање на  документите во писарница и нивно средување во архивски кутии и сложување во архива, поврзување на броеви кои заостанале од минатата година незавршени или не одговорени и слични проблематики кои би произлегле во текот на работењето. 

        Програма на семинарот:
-    Закон за архивски материјал;
-    Помошна евиденција во канцелариското работење;
-    План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
-    План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
-    Прегледување и распоредување на документи и записи;
-    Составување комисија за избор и ништење на документи;
-    Распоредување документи по интерни доставни книги;
-    Разведување и класифицирање документи по организациони единици; 
-    Одлагање решени документи во архива;
-    Евидентирање на архивскиот материјал; 
-    Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал
     во  соодветен простор и стандардна опрема;
-    Сопствена евиденција во процес на архивирање;
-    Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
-    Правилна класификација и рокови на чување на документација;
-    Организација и надзор на документиран систем;
-    Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот
      материјал во канцелариското и архивското работење;
-    Уредба за канцелариско и архивско работење;
-    Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
-    Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Целна група за семинарот:

-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:
             -м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до  16.12.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015