Стопанската комора на Северна Македонија, на 20 декември 2024 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Работни спорови: специфичности, рокови, состав на тужба, одговор на тужба, жалба и одговор на жалба; Парични побарувања од кои може да произлезе спор со посебен осврт на јубилејна награда, отпремнина, испратнина, надоместок за смрт на работникот или член на неговото семејство; Спорови поради престанок на работниот однос или повреда на право на работникот“.
Оваа онлајн работилница има за цел низ дискусија за најчестите спорови од работен однос да презентира како работодавачите и работниците да се заштитат и превентивно да делуваат пред да дојде до спор, а потоа и ако дојде до спор, да добијат совети за подобро да се подготват за иститот. Бидејќи споровите од работен однос најчесто произлегуваат од парични побарувања кои работникот ги има кон работодавачот, како и од барањето за заштита на некое право на работникот или понишување на отказно решение, на работлницата фокусот ќе се стави токму на овие области. Во делот на разговор за споровите кои произлегуваат од парични побарувања, особено ќе се дикутира за некои од поспецифичните плаќања кои ги врши работодавачот и тоа за: Јубилејна награда, отпремнина, испратнина, надоместок за смрт на работникот или член на неговото семејство. Во поглед на споровите поради престанок на работен однос, ќе се образложат и начините на престанок кои ги предвидува ЗРО, како и процедурата за изрекување на законит отказ.
Работилницата ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите, како и преглед на примери и судска пракса.
ПРОГРАМА
I. РАБОТНИ СПОРОВИ: СПЕЦИФИЧНОСТИ, РОКОВИ, СОСТАВ НА ТУЖБА, ОДГОВОР НА ТУЖБА, ЖАЛБА И ОДГОВОР НА ЖАЛБА
- Регулатива: ЗРО и ЗПП;
- Кратки рокови и итност на постапката;
- Месна надлежност-специфичности кај споровите од работен однос;
- Главни фактори при состав на процесни акти: тужба, одговор на тужба, жалба
и одговор на жалба; кои аргументи да се презентираат и кои докази да се приложат;
- Можност за изјавување ревизија.
II. ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА ОД КОИ МОЖЕ ДА ПРОИЗЛЕЗЕ СПОР СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЈУБИЛЕЈНА НАГРАДА, ОТПРЕМНИНА, ИСПРАТНИНА, НАДОМЕСТОК ЗА СМРТ НА РАБОТНИКОТ ИЛИ ЧЛЕН НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО
ЈУБИЛЕЈНА НАГРАДА
- Законска и подзаконска регулатива;
- Услов за исплаќање јубилејна награда – кои работници го имаат ова право?
- Начин на исплаќање;
- Документи кои се донесуваат во процесот на исплаќање на јубилејна награда.
ДРУГИ СПЕЦИФИЧНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Отпремнина;
- Испратнитна;
- Смрт на работникот или член на неговото семејство
- Судска пракса и дискусија.
III. СПОРОВИ ПОРАДИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС ИЛИ ПОВРЕДА НА ПРАВО НА РАБОТНИКОТ
- Начини на престанок на работниот однос;
- Раскинување на договорот за вработување со спогодба;
- Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот
и работодавачот – подготовка на отказно решение;
- Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
- Форма, содржина и врачување на отказ, основани и неосновани причини за отказ;
- Лични причини;
- Причини на вина;
- Судска пракса.
- ДИСКУСИЈА
Предавач:
- Викторија Спасовска - Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец & Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 18.12.2024 година.