Стопанската комора на Северна Македонија, на 27 јануари 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Заштита на лични податоци – обврски и одговорности со новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци “.
Оваа онлајн работилница има за цел да им помогне на компаниите да ја разберат важноста на заштитата на личните податоци во контекст на процесите што треба да ја овозможат безбедноста на обработката на личните податоци. Ќе бидат презентирани основните принципи на заштита на податоци, како и практични насоки за примена новите правила во овој сегмент.
Учесниците ќе научат како да ги идентификуваат ризиците за личните податоци, да ги усогласат своите практики со законските барања и да ги заштитат интересите на клиентите и добавувачите.
Работилницата ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите, како и преглед на примери од праксата.
ПРОГРАМА
I. ВОВЕД ВО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- Правото на приватност и заштита на личните податоци во македонскиот правен систем
и европската регулатива;
- Значење на заштитата на лични податоци за бизнисите;
- Дефиниции и начела поврзани со обработката на личните податоци;
- Законитост на обработката на личните податоци;
- Офицер за заштита на личните податоци
II. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- Воспоставување на информациски систем;
- Проценка на ризик – согласно новата Методологија за процена на ризик;
- Намалување на идентификуваните ризици до соодветно ниво на прифатливост
(Цели на заштита, закани и мерки);
- Управување со ризик;
- Одржување на информацискиот систем.
III. НАРУШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- Дефинирање;
- Анализа на нарушувањата на безбедноста на личните податоци;
- Известување до Агенцијата за заштита на лични податоци и субјектите на лични податоци;
- Примери за нарушување на безбедноста на личните податоци, вклучувајќи конкретни
студии на случај и примери од пракса за подобро разбирање на последиците.
IV. ДИСКУСИЈА
Предавач:
- м-р Ѓорѓи Рајчиноски, екперт за заштита на лични податоци, Офицер за заштита на лични податоци, поранешен супервизор во Агенцијата за заштита на личните податоци, консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од заштитата на личните податоци и дигитализацијата.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 24.1.2025 година.