На оваа онлајн работилница ќе биде образложен поимот за договор на определено време и неполно работно време, за волонтирање, пробна и приправничка работа и на договорите за отстапување на работник од работодавач на работодавач корисник . Во ова излагање ке се даде објаснување на поимите на сите овие договори, на правните основи за кои може истите да се склучуваат , за правата и обврските кои произлегуваат за страните во договорите. Во излагањето ке стане збор и за правните последици кои може да настанат за направени неправилности во однос на овие договори, како и за санкциите кои може да бидат изречени во вакви ситуации ако се утврдат при редовен или вонреден инспекциски надзор од надлежниот трудов инспектор.
Посебно внимение ке се одвои на склучување на договори за работа и отстапување на работник кај друг работодавач како работодавач корисник со објаснување на правниот статус на на отстапениот работник и правата и обврските кои ги има овој работник и работодавачот корисник. Најчесто договорите за вработување на отстапен работник се користат за одреден вид на работа и зависно за тоа дали се работи за приватен или јавен сектор и во ограничен временски период.
Во однос на темата која се однесува за додатоците на плата со практични примери за нивно правилно пресметување, ќе стане збор со објаснување за кои видови на додатоци на плата може да се исплатат на работникот, во каков обем се предвидени истите, начинот на нивното правилно пресметување. Во ова пригода ќе се објасни зошто додатоците на плата меѓусебно не се исклучуваат и какви последици може да има за работодавачот доколку не ги исплаќа во обем и начин како што е уредено со закон колективен договор или договор за вработување. Практичните примери ке бидат изразени со бројки и проценти за да може да се добие целосна и точна слика за висината и нацинот на правилно одредување и пресметување на нацин како што е предвидено и уредено.
ПРОГРАМА:
I. ПОТРЕБНИ ПОСТАПКИ ПРИ НЕНАВРЕМЕНО ИЛИ НЕПРАВИЛНО ПРЕСМЕТААТ И ИСПЛАТЕТЕН РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗАРАДИ ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕНАВРЕМЕНОТО И НЕЦЕЛОСНО ИСПЛАЌАЊЕ НА ИСТИОТ
-Законски рокови за исплакање на регрес за годишен одмор за 2024 година;
-Основ за делумен или целосен пренос на обврската за плакање на регресот за годишен одмор во следната година;
-Спогодбени страни за пренос на правото за плакање во наредната година;
-Потребен акт за пренос на исплатата на правотото на регрес за годишен одмор од тековната во
следата година;
-Правни последици поради неисплакање или немање на соодветен акт за пренос на обврската за исплакање на правото за регрес на годишен одмор од тековната во следната година.
II. ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ И НЕПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ВОЛОНТЕРСКА,ПРОБНА,ПРИПРАВНИЧКА РАБОТАИ ОТСТАПУВАЊЕ НА РАБТНИК НА РАБОТОДАВАЧ КОРИСНИК СО ПРАВА И ОБВРСКИ ОД ИСТИОТ
-Правен основ и правни причиниза склучување на договор на определено време;
-Правен основ за склучување на договор за вработување со отстапување
на работник на работодавач корисник;
-Суштина и примена на договорите определено време, неополно, волонтерство,
пробна работа , приправничка работа;
-Суштина и примена на договорите за вработување со отстапување на
работник на работодавач корисник;
-Правни последици од неправилна примена на одредбите за склучување
на договори за определено, неполно, волонтерство пробна работа,
приправничка работа;
-Правни последици од неправилна примена на одредбите за склучување
на за вработување со отстапување на работник на работодавач корисник.
III. ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ДОДАТОЦИТЕ НА ПЛАТА ВО
ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР СО ТОШОЦИ НА РАБОТЕЊЕТО
-Додатокот на плата како основна компонента на плата во приватен и јавен сектор;
-Видови на додатоци на плата и правни извори врз основа на кои се уредуваат додатоците на плата во приватниот и јавниот сектор;
-Додаток за прекувремена работа;
-Додаток за работа ноќе;
-Додаток за работа на празник , неработен ден и работа во недела;
-Додаток за работа во смени;
-Додаток за минат труд;
-Практичен пример за пресметка на додатоците изразен во суми проценти и
методологија;
-Трошоци од работењето како обврска на работодавачот.
Предавач:
-МИЛЕ СТОЈАНОВСКИ- стручно лице со долгогодишно работно искуство во трудовата сфера од вршење на инспекциски надзор, постапување по прекршочни барања до изработка на законски решенија од трудовата област.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 22.01.2025 година.