Овoj онлајн семинар овозможува лесно да ги совладате алатките кои овозможуваат брза работа со податоците на работните листови и оптимална работа со повеќе листови (Excel sheets) и работни тетратки (Excel workbooks).
На овој онлајн семинар ќе се објаснува и практично работи со напредните алатки на Ексел, како што се копирања и “полнења“ (filling) , напредни и флеш “полнења“, работа со серии, референцирање на келии, “говоречки“ келии, работа со повеќе страници (sheets) истовремено и нивно следење, кои спаѓаат во најважните алатки со кои се забрзува работењето во Ексел.
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните алатки за брза работа со податоците.
Онлајн семинарот е наменета за корисници на Ексел на средно и повисоко ниво и сите оние коишто сакаат да научат како да:
-Препознаваат ситуации во кои примената на напредни Ексел алатки може да помогне во процесот на одлучување;
-Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци;
-Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.
Содржина на обуката:
-Напредни и брзи полнења на базите на податоци;
-Работа со sheets & worksheets;
-Работа и споредба на повеќе sheets истовремено.
На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• Copying and Filling;
• Paste Special – values, formats, transpose, add;
• Advanced Fills;
• Filling Series;
• Fill series with formatting;
• Fill series without formatting;
• Fill series only formatting;
• Fill series working days;
• Flash Fill;
• Cell Reference;
• Speak Cells;
• Statistical functions;
• Sumif;
• Countif;
• Averageif;
• Sumifs;
• Countifs;
• Averageifs;
• Viewing worksheets;
• Advanced Tables;
• Subtotals;
• Name a Range;
• WHAT IF functions;
• Custom Views;
• Adjusting worksheets;
• Working with worksheets;
• Compare two sheets;
• View files side by side;
• Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Забрзување на Вашата работа со Екселот!
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 24.2.2025 година.