Семинар 21.02.2025
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗЕН И БЕЗ ОТКАЗЕН РОК, ОДЛАГАЊЕ ОД ИЗВРШУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАОК НА ДОГОВОР ЗА РАБОТА, ПРИМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ, НЕПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ПРОБНА ,ПРИПРАВНИЧКА РАБОТА

Онлајн семинар


Стопанската комора на Северна Македонија, на 21.02.2025 година, организира еднодневна онлајн  работилница која ќе одговори на следните прашања за: Раскинување на договорите за вработување со отказен и без отказен рок, одлагање од извршување на решение за престаок на договор за работа, примена на договорите на определено време, неполно работно време, пробна, приправничка работа и отстапување на работник на работодавач корисник, како додатоци на плата и трошоци  од работа.   
        На овој онлине семинар ќе  стане збор во кои случаи работодавачите можат  да го раскинат договорот за вработување со отказен рок за откажување. Законски престанок на договорот за вработување без отазен рок, како  потешка форма на  кршење на работниот ред и дисциплина поради што се откажува договорот за вработување.
        Покрај тоа ќе биде елаборирано за правните услови кои треба да бида исполнети  за да може,во управна постапка да се донесе решение со кое  ке се спречи отказот  на договорот за вработување даден од работодавачот, односно ќе се одложи од извршување конечна одлука за откажување на договорот за вработување.
 Исто така  за напред наведените теми ќе биде споделено искуство од адвокат кој повеке од две децении работи на поолето на тематските излагања во ова сесија.
       На ова предавање ќе биде  изложен поимот  за договор на определено време и неполно работно време, за волонтирање, пробна и приправничка работа и на договорите за отстапување на работник од работодавач на работодавач корисник. Во ова излагање ќе се даде објаснување на поимите на сите овие договори, на правните основи за кои може истите да се склучуваат, за правата и обврските кои произлегуваат  за страните во договорите. Во излагањето ќе стане збор и за правните последици кои може да настанат  за  направени  неправилности  во однос на овие договори, како и за санкциите кои може да бидат изречени во вакви ситуации ако се утврдат при редовен или вонреден инспекциски надзор од надлежниот трудов инспектор.
        Посебно внимение ќе се одвои на склучување на договори за работа и отстапување на работник кај друг работодавач  како работодавач  корисник со објаснување на правниот статус на отстапениот работник и правата и обврските кои ги има овој работник и работодавачот корисник. Најчесто договорите за вработување на отстапен работник се користат за одреден вид на работа и зависно за тоа дали се работи за приватен или јавен сектор и во ограничен временски период. 
    Во однос на темата која се однесува на додатоците на плата со практични примери за нивно правилно пресметување, ќе стане збор со објаснување за кои видови на додатоци на плата  може да се исплатат на работникот, во каков обем се предвидени истите, начинот на нивното правилно пресметување. Во ова пригода ќе се објасни зошто додатоците на плата меѓусебно не се исклучуваат и какви последици може да има за работодавачот доколку не ги исплаќа во обем и начин како што е уредено со закон колективен договор или договор за вработување. Практичните примери ќе бидат изразени со бројки и проценти за да може да се добие целосна и точна слика за висината и начинот на правилно одредување и пресметување на начин како што е предвидено и уредено.
       Во четвртиот дел ќе можат да поставуваат прашања во однос на темата и  други прашања кои не се тема на оваа работилница.   

ПРОГРАМА: 
I.  РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО И  БЕЗ ОТКАЗЕН  РОК, ОДЛАГАЊЕ ОД ИЗВРШУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОР ЗА РАБОТА

   - Причини поради кои може да се откаже договор за вработување во рамки на законот;
   - Откажување на договор за работа со отказен рок; 
   - Откажување на договор за работа без отказен рок;
   - Можност за суспензија од работа;
   - Одлагање од извршување на решение за престанок на работен однос;
   - Адвокатска пракса во однос на застапување на договорните страни заради 
     раскинување на договорот за вработување.
 
II. ЗАКОНИТОСТ ПРИ СКЛУЧУВАЊЕ НА  ДОГОВОРИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО  И НЕПОЛНО ВРЕМЕ, ПРОБНА И ПРИПРАВНИЧКА РАБОТА, КАКО И  ДОГОВОР ЗА ОТСТАПУВАЊЕ НА РАБОТНИК

-  Правен основ  и  правни причини за склучување на договор на определено време;
-  Правен основ за склучување на договор за вработување со отстапување 
   на работник на работодавач корисник;
 - Суштина и примена  на договорите определено време, неополно,
    волонтерство, пробна работа, приправничка работ;
-  Суштина и примена  на договорите  за вработување со отстапување на работник на 
   работодавач корисник;
 - Правни последици од неправилна примена на одредбите за склучување на договори
  за определено, неполно, волонтерство, пробна работа, приправничка работа;
 - Правни последици од неправилна примена на одредбите за склучување на договор за 
   вработување со отстапување на работник на работодавач корисник и
  -Адвокатска пракса  и искуства во однос на тематското излагање.

 III. ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ОД  РАБОТА СО ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ
- Додатокот на плата како основна компонента на плата во приватен и јавен сектор. 
- Видови на додатоци на плата и правни извори врз основа на кои се уредуваат додатоците на плата во приватниот и јавниот сектор;
    -  Додаток за прекувремена работа;
    -  Додаток за работа ноќе;  
    -  Додаток за работа на празник,неработен ден и работа во недела; 
    -  Додаток за работа во смени;
    -  Додаток за минат труд;

-  Практичен пример за пресметка на додатоците изразен во суми проценти и  
   методологија;
 - Трошоци од работењето како обврска на работодавачот и 
 - Адвокатска пракса во однос на тематското излагање.

IV. ПРАШАЊА ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ КОИ НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СО ДЕНЕШНАТА ТЕМА 
Предавачи:
-    МИЛЕ СТОЈАНОВСКИ- стручно лице со  долгогодишно работно искуство  во трудовата сфера од вршење на инспекциски надзор, постапување по прекршочни барања до  изработка на законски решенија од трудовата област и
-    ФЛОРА ИЛКОВСКА  – адвокат со долгогодишно искуство во застапување на договорните страни при раскинување на договорите за работа  и остварување на други права од работен однос.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 20.02.2025 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 16.02.2026
Акредитирана обука: ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
Семинар, 18.02.2026
МЕСЕЧНИ БУЏЕТИ И МОДЕЛИ ЗА ПРЕДВИДУВАЊЕ СО НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ
Семинар, 18.02.2026
ПРАВНИ ОСНОВ ЗА ЕДНОСТРАНО И ДВОСТРАНО ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, КОМПОНЕНТИ НА ПЛАТА ВО ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР, НАЈЧЕСТИ ДОДАТОЦИ, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕЊЕТО КОИ СЕ ИСПЛЌААТ ВО ПРАКСА
Семинар, 18.02.2026
ПАМЕТНА РЕГРУТАЦИЈА: МОЌТА НА АИ ВО ИЗБОРОТ НА ТАЛЕНТИ 
Семинар, 19.02.2026
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА, ПОИМ И ВИДОВИ НА ШТЕТА, НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА, НАДОМЕСТ НА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА, ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ШТЕТА, ПАУШАЛНО ОБЕШТЕТУВАЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОБЕШТЕТУВАЊЕТО, ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ
Семинар, 20.02.2026
УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ И ВИДЕО НАДЗОР НА РАБОТНОТО МЕСТО – ШТО Е ДОЗВОЛЕНО, А ШТО НОСИ РИЗИК И ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 20.02.2026
AI КАКО КРЕАТИВЕН ПАРТНЕР ВО КРЕИРАЊЕТО СОДРЖИНА
Семинар, 24.02.2026
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИ - Градење на култура на ефикасност и квалитет со континурано подобрување -
Семинар, 24.02.2026
СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ НИШТЕЊЕТО НА ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ Е 31.03.2026 ГОДИНА, СОСТАВУВАЊЕТО И ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ И КЛАСИФИЦИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ПО ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ СПОРЕД ПЛАНОТ
Семинар, 26.02.2026
ИНТРАХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ (ИХИ) ОД АСПЕКТ НА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА И ЕВИДЕНЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО, ЗАКОНСКА РАМКА , ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА И ОДГОВОРНОСТ