Целта на „онлајн“ семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на начинот на отварање на деловодник како почеток на нова година, отварање на нови броеви во деловодник, отварање на попис на документи како придружна книга на деловодникот заради олеснување на заведувањето на поголем обем на документи кои се создаваат при работењето, поврзување на броеви кои заостанале од минатата година незавршени или не одговорени и слични проблематики кои би произлегле на почеток на годината при отварање на деловодникот и останатата пропратна документација, начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување.
Програма на семинарот:
- Закон за архивски материјал;
- Помошна евиденција во канцелариското работење;
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
- Прегледување и распоредување на документи и записи;
- Составување комисија за избор и ништење на документи;
- Распоредување документи по интерни доставни книги;
- Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
- Одлагање решени документи во архива;
- Евидентирање на архивскиот материјал;
- Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот
материјал во соодветен простор и стандардна опрема;
- Сопствена евиденција во процес на архивирање;
- Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
- Правилна класификација и рокови на чување на документација;
- Организација и надзор на документиран систем;
- Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот
и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење;
- Уредба за канцелариско и архивско работење;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.
Целна група за семинарот:
-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.
Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 24.02.2025 година.