Семинар 26.02.2025
“АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ СО НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ”

Онлајн семинар


Зошто се корисни финансиските извештаи? Бидејќи, тие им помагаат на инвеститорите и доверителите во донесувањето подобри економски одлуки. Целта на семинарот е подобро разбирање на финансиските извештаи од корисниците на финансиските извештаи, со цел да се олесни подобрувањето на процесот на одлучување, со користење на НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ. 

Разбирањето на финансиските извештаи помага во процесот на донесување одлуки за бизнисот. Претприемачите, инвеститорите и аналитичарите создаваат база на податоци низ одреден период на време која се презентира преку финансиските извештаи. Препознавањето на корисни информации кои стојат позади бројките во извештаите ќе ви кажат подеднакво или повеќе од самиот извештај. Само тогаш ќе знаете во која насока се одвива Вашиот бизнис. 

Финансиската анализа претставува една алатка за препознавање на клучните елементи од вашите извештаи која преку сетот на финансиски показатели и нивното толкување ќе предонесе кон евалуација на тековното работење, идентификување на проблемите/областите на потенцијалните можности, развивање на буџети и имплементирање на идните стратегии кои во водат кон профитабилност, солвентност и ликвидност.   

Овој семинар обезбедува рамка за проучување на анализата на финансиските извештаи. Оваа рамка се состои од користење на напредни Ексел алатки – создавање на информациски систем за финансиска анализа. 
Преку овој еднодневен онлине семинар - работилница ќе дознаете како да умеете да ги препознаете клучните елементи од финансиската слика на вашето претпријатие и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.
ЦЕЛИ :
-Анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку извештаите и показателите, структурата на приходите и трошоците и нивна примена во процесот на одлучување;
-Брзо скенирање и читање на финансиските извештаи, како извор на финансиски податоци корисни во процесот на одлучување;
-Дефинирање, пресметување, начин на толкување и значење на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа;
-Корисности и ограничувања на финансиската анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку финансиските показатели. 
АГЕНДА

-ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ЦЕЛИ НА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ; 
-СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ- АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ВО КОНКРЕТНА КОМПАНИЈА;
-ПРАКТИЧНА РАБОТА – ИЗГОТВУВАЊЕ НА СОФТВЕР ВО ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА;
-АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ – ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР;
-ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ – ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПРИМЕРИ;
-ИНДИКАТОРИ ЗА ЛИКВИДНОСТ;
-ИНДИКАТОРИ ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ; 
-ИНДИКАТОРИ ЗА АКТИВНОСТ; 
-ИНДИКАТОРИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТ;
-ТОЛКУВАЊЕ НА ПРЕСМЕТАНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ;
-АНАЛИЗА НА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ И НИВНИТЕ ДВИЖЕЊА.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: 
менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 
Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 24.2.2025 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 18.03.2026
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС –  практични пристапи за повисока добросостојба и продуктивност
Семинар, 24.03.2026
ЗАКОНСКИ РОКОВИ И ПОСТАПКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КОИ ОПФАЌААТ: ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ ДО ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЗА ДОКУМЕНТИ СО ИЗМИНАТ РОК НА ЧУВАЊЕ; ПРЕГЛЕДУВАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА; ФОРМИРАЊЕ КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Тренинг обука, 25.03.2026
“LEAN Management” - Градење на култура на ефикасност и квалитет со континурано подобрување -
Семинар, 25.03.2026
ХРАНА ПОД КОНТРОЛА: ПРЕКРШОЦИ, САНКЦИИ И ИНСПЕКЦИСКИ ПОСТАПКИ-Законски обврски на операторите со храна,Основни правила од Законот за безбедност на храна,Инспекциски надзор: постапки, права и обврски
Семинар, 25.03.2026
НАПРЕДНИ БУЏЕТИ И АЛАТКИ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА БУЏЕТИТЕ СО НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ
Семинар, 27.03.2026
ОД РЕГРУТАЦИЈА ДО МОНИТОРИНГ НА РАБОТНАТА ЕФЕКТИВНОСТ -УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИТЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 27.03.2026
СПОГОДБАТА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ РАБОТОДАВАЧОТ И РАБОТНИКОТ-Во кои ситуации може да се употреби спогодба? Дали штетата сторена на работа може да биде уредена со спогодба? Кој ја надоместува штетата и во кој износ?
Семинар, 31.03.2026
INCOTERMS 2020 – КЛУЧ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА