Стопанската комора на Македонија на 17 февруари 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Како работодавачот да се подготви за инспекциски надзор од работни односи, кои документи мора да ги чува во досието на работникот и како да управува со досиејата, кои мерки може да ги преземе за спречување прекршок и изрекување глоби, како да користи контролен лист“
На онлине работилницата ќе се диксутира за тоа што може работодавачот да очекува при инспекциски надзор; како истиот се спроведува и кои документи треба да ги чува во досиејата на работниците и да ги презентира пред надлежниот инспектор. Заради што појасно разбирање на причините зад документите кои инспекцијата ги бара на увид, на работилницата сеопфатно ќе се обработат тие документи низ призмата на нивната законска регулираност, и тоа: договорот за вработување и анексите, решенија за годишен одмор и платен одмор, решениеја со кои се изрекува дисциплинска мерка, а особено парична казна, како и решенија и акти кои доведуваат до престанок на работниот однос (отказ или спогодба).
Потоа, ќе се дискутира за текот на инспекциската постапка и мерките со задолженија за работодавачите кои може да бидат изречени. Ќе се прегледаат и пропишаните глоби со критериумите за нивното одмерување.
Со особено внимание ќе се дискутираат можностите кои му стојат на располагање на работодавачот за превентивно и тековно усогласување со законот, преку редовни автоконтроли и употреба на официјални контролни листи.
Работилницата ќе се одржи онлајн и ќе има интерактивен пристап.
ПРОГРАМА
I. УПРАВУВАЊЕ СО ДОСИЕЈА НА РАБОТНИЦИТЕ
- Кои документи работодавачот е должен да ги чува во досието на работникот
- Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
- Задолжителни елементи на договорот за вработување;
- Анекс на договорот за вработување;
- Решенија за користење годишен одмор и други основи за оправдано отсуство од работа;
- Евалуација на работникот;
- Решенија за парична казна, отказ на договорот, спогодба за престанок на договорот;
- Општи напомени за откажување на договорот за вработување – дозволеност на
отказ од страна на работник и од страна на работодавач.
II. ПОСТАПКА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧОТ
- Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
- Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи;
- Мерки: Опомена и Наредба;
- Забрана за вршење на работи на работодавачот, времетраење на забраната,
висина на надоместокот на плата;
- Покренување на прекршочна постапка;
- Одлагање на извршување на одлука и право на жалба;
- Прекршочен орган.
III. Усогласување со закон и заштита од глоби
- Определеување и пропишување на глобите;
- Глоби во распон;
- Критериуми (вкупен приход, број на вработени, претходно изрекување глоби);
- Користење на контролни листи од страна на работодавачот;
- ДИСКУСИЈА.
Предавач:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 13.02.2025 година.