Семинар 28.02.2025
КОИ СЕ ОПРАВДАНИ ОТСУСТВА ОД РАБОТА?ВО КОЈ РОК РАБОТНИКОТ ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИ СВОЕТО ОТСУСТВО?ДАЛИ СИТЕ ОТСУСТВА ТРЕБА ДА БИДАТ ОДОБРЕНИ ОД РАБОТОДАВАЧОТ? КОГА БОЛЕДУВАЊЕТО ГО ПЛАЌА РАБОТОДАВАЧОТ?ДАЛИ РАБОТНИОТ ОДНОС МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 28 февруари 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Кои се оправдани отсуства од работа? Во кој рок работникот треба да го пријави своето отсуство? Дали сите отсуства треба да бидат одобрени од работодавачот? Кога боледувањето го плаќа работодавачот? Дали работниот однос може да престане за време на боледување? Други основи за платено отсуство: бременост, раѓање и родителство, паузи и одмори, неплатен одмор“. 
На работилница ќе се разговара за најзастапените причини за отсуство од работа на работниците. При тоа, ќе се анализираат неколку основи за отсуство од работа, вклучително отсуство поради боледување, бременост, раѓање и родителство, одмори и празнување. Низ анализа на правата и обврски на работникот и работодавачот, ќе се одговори на прашањата за кои отсуства работодавачот задолжително мора да издаде одбрение, како и во кој рок работникот е должен да го пријави отсуството. За сите оправдани отсуства, освен за неплатениот одмор, работодавачот има обврска да исплаќа надомест на плата. На работилницата ќе се разговара и за какви се обврските на работодавачот по однос на исплаќањето на ваквиот надоместок. Крајно, ќе се прегледаат и неколку покарактеристични типови на отсуства од работа.
Работилницата ќе има интерактивен пристап со практични објаснувања и примери.

ПРОГРАМА

I.ОТСУСТВО ОД РАБОТА-ОПШТИ НАПОМЕНИ
·Видови на отсуство;
·Издавање решение;
·Рокови и времетраење на отсуство.

II.БОЛЕДУВАЊЕ
·Законска регулатива;
·Боледување на товар на работодавач;
·Боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
·Надомест на плата и услови за негова пресметка и исплаќање.

·БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО
·Основ за платено отсуство;
·Висина и исплаќач на надоместокот на плата;
·Времетраење на отсуство.
·ДИСКУСИЈА

III.ГОДИШЕН ОДМОР
·Право на годишен одмор;
·Определување за секој вработен одделно;
·Стекнување право за цел годишен одмор;
·Пропорционален дел од годишен одмор
·Потврда за искористен годишен одмор;
·Надоместок за неискористен годишен одмор;
·Надоместок на плата за време на отсуство поради користење годишен одмор.
·ДИСКУСИЈА

IV.ДРУГИ ПЛАТЕНИ ОТСУСТВА-ПЛАТЕН ОДМОР
·Склучување на брак, склучување брак на дете, раѓање или посвојување дете, смрт на сопружник или дете, смрт на родител, брат, сестра, смрт на родител на сопружник, смрт на дедо или баба, полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот, елементарни непогоди.

V.НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО
·Правни основи за користење неплатено отсуство;
·Мирување на правата од работен однос;
·Акти за реализирање на неплатено отсуство.
·ДИСКУСИЈА

VI.ДРУГИ ОТСУСТВА
·Отсуство од работа поради празнување;
·Отсуство од работа заради обавување на функции или обврски по посебни закони;
·Отсуство од работа заради образование.
·ДИСКУСИЈА

Предавач: 
-Викторија Спасовска – Симоноска
, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.


Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 26.02.2025 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 18.03.2026
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС –  практични пристапи за повисока добросостојба и продуктивност
Семинар, 24.03.2026
ЗАКОНСКИ РОКОВИ И ПОСТАПКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КОИ ОПФАЌААТ: ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ ДО ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЗА ДОКУМЕНТИ СО ИЗМИНАТ РОК НА ЧУВАЊЕ; ПРЕГЛЕДУВАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА; ФОРМИРАЊЕ КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Тренинг обука, 25.03.2026
“LEAN Management” - Градење на култура на ефикасност и квалитет со континурано подобрување -
Семинар, 25.03.2026
ХРАНА ПОД КОНТРОЛА: ПРЕКРШОЦИ, САНКЦИИ И ИНСПЕКЦИСКИ ПОСТАПКИ-Законски обврски на операторите со храна,Основни правила од Законот за безбедност на храна,Инспекциски надзор: постапки, права и обврски
Семинар, 25.03.2026
НАПРЕДНИ БУЏЕТИ И АЛАТКИ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА БУЏЕТИТЕ СО НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ
Семинар, 27.03.2026
ОД РЕГРУТАЦИЈА ДО МОНИТОРИНГ НА РАБОТНАТА ЕФЕКТИВНОСТ -УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИТЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 27.03.2026
СПОГОДБАТА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ РАБОТОДАВАЧОТ И РАБОТНИКОТ-Во кои ситуации може да се употреби спогодба? Дали штетата сторена на работа може да биде уредена со спогодба? Кој ја надоместува штетата и во кој износ?
Семинар, 31.03.2026
INCOTERMS 2020 – КЛУЧ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА