Стопанската комора на Северна Македонија, на 30 јули 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Дали вашата компанија е усогласена со новите правила - Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци е 1 месец во сила?“.
На 1 јули 2025 година започна целосната примена на новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци, кој донее нови правила на огра во оваа област.
Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите навремено да се усогласат со новите барања, преку практични насоки, објаснување на обврските и примери од реалната работа. Не дозволувајте недостатокот на подготвеност да стане ризик – искористете ја оваа можност за систематски пристап кон усогласувањето.
Работилницата ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите, како и преглед на примери од праксата.
ПРОГРАМА
I.ВОВЕД ВО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
-Правото на приватност и заштита на личните податоци во македонскиот правен систем и европската регулатива;
-Значење на заштитата на лични податоци за бизнисите;
-Дефиниции и начела поврзани со обработката на личните податоци;
-Законитост на обработката на личните податоци;
-Офицер за заштита на личните податоци.
II.БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
-Воспоставување/оценка на информациски систем;
-Проценка на ризик – согласно новата Методологија за процена на ризик;
-Намалување на идентификуваните ризици до соодветно ниво на прифатливост (Цели на заштита, закани и мерки);
-Управување со ризик;
-Оценка и подобрување на техничките и организациските мерки.
III.НАРУШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
-Дефинирање;
-Анализа на нарушувањата на безбедноста на личните податоци;
-Известување до Агенцијата за заштита на лични податоци и субјектите на лични податоци;
-Примери за нарушување на безбедноста на личните податоци, вклучувајќи конкретни студии на случај и примери од пракса за подобро разбирање на последиците.
IV.ДИСКУСИЈА
Предавач:
- м-р Ѓорѓи Рајчиноски, екперт за заштита на лични податоци, Офицер за заштита на лични податоци, поранешен супервизор во Агенцијата за заштита на личните податоци, консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од заштитата на личните податоци и дигитализацијата.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 29.07.2025 година.