Стопанската комора на Северна Македонија, Ве поканува на 23.9.2025 година на еднодневна интерактивна и исклучиво практична обука за развој на комуникациски вештини, со фокус на теми од реалниот деловен свет кои ги отвараат прашањата од типот: Имате чувство дека некој манипулира со вас, а не знаете како да реагирате професионално? Сте се нашле во ситуација каде што зборовите на соговорникот не одговараат на неговиот говор на телото? или можеби сте кажале нешто, а подоцна сте се почувствувале спротивно од изразеното? Сакате подобро да се разберете себеси и начинот на кој комуницирате?
На обуката, ќе се обработат три тематски целини:
- Препознавање на „драмата“ и токсично однесување во секојдневната деловна комуникација
- Самосвест како основа за ефективно комуницирање
- Невербална комуникација во дигитализираниот бизнис-контекст
Оваа обука не се заснова на пасивно слушање теорија – туку на искуствено учење, практични вежби, реални сценарија и интеракција. Ќе развивате емотивна интелигенција, адаптивност и автентична експресија, клучни за денешната динамична деловна средина.
Интерактивна обука каква одсекогаш сте посакувале!
ПРОГРАМА:
Вовед и цели на обуката:
-Запознавање со агендата;
-Очекувања на учесниците;
-Кратка интерактивна тематска активност.
Драмски кралици:
-Да се биде кралица на драмата е сложен проблем што функционира како средство за внимание, возбуда или потврда;
-Кои се знаците на токсично однесување? На што се фокусираат?
-Кои луѓе се најчесто жртви на емотивните манипулатори?
-Што треба да направите и како да комуницирате кога се наоѓате во токсична средина?
-Практични примери.
Самосвест
-Што е самосвест и зошто е важна во професионален контекст;
-Врска меѓу самосвест и ефективна комуникација;
-Самосвеста во време на вештачката интелигенција;
-Вежби за саморефлексија и личен развој;
-Емпатија на работното место;
-Активности: препознавање на емоции и практикување активно слушање;
-Самодоверба;
-Практични вежби.
Невербална комуникација
-Важноста на невербалната комуникација во деловниот свет;
-Толкување на говорот на телото;
-(ракување, декодирање на изрази на лицето, рацете, дланките, стапалата и др) ;
-Практични вежби;
-Подготовка и структуирање на еден состанок;
-Улоги на учесници;
-Управување со време и комуникациски стилови;
-Чести грешки и како да се избегнат
Деловни состаноци
-Симулација на деловен состанок со фокус на:
Самосвест во улогата;
Покажување емпатија;
Свесност за невербални сигнали;
-Повратни информации од учесниците и предавачот.
Предавач: проф. д-р Александра Србиновска - Дончевски , редовен професор и експерт обучувач за комуникациски вештини.
Краен рок за пријавување-19.9.2025