Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност, со кој целосно се регулира продукцијата на службени електронски документи, како и чувањето, заштитата и користењето на електронскиот архивски материјал, преку формирање на Единствен национален архивски информациски систем со што на Државниот архив, како сервис на
граѓаните, му се овозможува полесно управување со архивските фондови и збирки, а на
корисниците им се овозможува полесен, побрз и поквалитетен пристап до јавните документи.
Исто така, со воспоставувањето на Информациски систем за канцелариско и архивско работење се овозможува автоматизација на работните процеси и компјутерска поддршка на
сопственото канцелариско и архивско работење.
Програма на семинарот:
-Закон за архивски материјал;
-Помошна евиденција во канцелариското работење;
-План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
-План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
-Прегледување и распоредување на документи и записи;
-Составување комисија за избор и ништење на документи;
-Распоредување документи по интерни доставни книги;
-Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
-Одлагање решени документи во архива;
-Евидентирање на архивскиот материјал;
-Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот
материјал во соодветен простор и стандардна опрема;
-Сопствена евиденција во процес на архивирање;
-Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
-Правилна класификација и рокови на чување на документација;
-Организација и надзор на документиран систем;
-Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот
и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
-Уредба за канцелариско и архивско работење;
-Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
-Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.
Целна група за семинарот:
-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.
Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 19.09.2025 година.
Во прилог: Пријавен лист