Стопанската комора на Северна Македонија, на 30 септември 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Обврски и практични предизвици при користење видео надзор, постапување по барања на субјектите на личните податоци, изработка на политики за приватност и колачиња, како и правни средства, судска заштита и супервизии од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци“.
На 1 јули 2025 година започна целосната примена на новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци, кој донесе нови правила на огра во оваа област. Оваа обука е наменета да им помогне на компаниите да се усогласат со законските обврски при користење видео надзор преку практични насоки и примери од пракса. Ќе се обработат најчестите предизвици при поставување и користење на видео камери, постапување по барања на субјектите на лични податоци, како и правилна изработка на политики за приватност и колачиња. Дополнително, ќе се разгледаат правните средства што им стојат на располагање на граѓаните, можностите за судска заштита и улогата на супервизиите од Агенцијата за заштита на личните податоци.
На овој начин, компаниите ќе добијат јасен патоказ за намалување на ризиците, градење доверба и избегнување санкции.
ПРОГРАМА:
I. ВОВЕД ВО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- Правото на приватност и заштита на личните податоци во македонскиот правен систем
и европската регулатива;
- Значење на заштитата на лични податоци за бизнисите;
- Дефиниции и начела поврзани со обработката на личните податоци;
- Законитост на обработката на личните податоци;
- Офицер за заштита на личните податоци.
II. ВИДЕО НАДЗОР И ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ
- Кога е дозволено поставување видео надзор?
- Информирање и транспарентност (известување, интерни акти);
- Анализа за целта, за која се поставува видеонадзорот;
- Периодична оценка на системот за вршење видеонадзор;
- Изјава за приватност при вршење на видеонадзор;
- Чување на снимки и рокови;
- Технички и организациски мерки при вршење на видео надзор.
III. ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (ВРАБОТЕНИ, КЛИЕНТИ, ПОСЕТИТЕЛИ...)
- Транспарентност - Транспарентни информации, комуникација и начини на остварување
на правата на субјектот на личните податоци;
- Право на пристап до сопствените податоци (вклучително и снимки од видео надзор,
контакт центар и сл.);
- Право на исправка и бришење;
- Право на ограничување на обработката;
- Право на преносливост на податоците;
- Право на приговор;
- Автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање;
- Ограничувања.
IV. ПОСТАПУВАЊЕ СО БАРАЊА И ЖАЛБИ
- Како да се воспостави процес за управување со барања;
- Примери на чести барања и правилни одговори;
- Последици од непостапување.
V. ПОЛИТИКИ ЗА ПРИВАТНОСТ И КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА
- Како да се подготви јасна и разбирлива Политика за приватност;
- Обврски при користење cookies и следење на однесувањето на
корисниците на Вашата веб страница;
- Практични примери и најчести грешки.
VI. ПРАВНИ СРЕДСТВА И ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ
- Право на поднесување барање до Агенцијата;
- Право на ефективна судска заштита против одлуките на Агенцијата;
- Право на ефективна судска заштита против контролор или обработувач;
- Право на надоместок на штета и одговорност.
VII. СУПЕРВИЗИИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ
- Како постапува Агенцијата за заштита на личните податоци;
- Чести пропусти во компаниите (примери од пракса);
- Добри практики за усогласеност.
Предавач:
- м-р Ѓорѓи Рајчиноски, екперт за заштита на лични податоци, Офицер за заштита на лични податоци, поранешен супервизор во Агенцијата за заштита на личните податоци, консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од заштитата на личните податоци и дигитализацијата.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 29.09.2025 година.