Семинар 25.09.2025
БЕЗБЕДНОСТА НА ОБРАБОТКАТА НЕ Е ОПЦИЈА – КАКО ДА ИЗБЕГНЕТЕ ВИСОКИ КАЗНИ СО ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Онлајн семинар


Стопанската комора на Северна Македонија, на 25 септември 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Безбедноста на обработката не е опција – Како да избегнете високи казни со правилна примена на Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци“. 
На 1 јули 2025 година започна целосната примена на новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци, кој донесе нови правила на огра во оваа област.
Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите навремено да се усогласат со новите барања, преку практични насоки, објаснување на обврските и примери од реалната работа. Не дозволувајте недостатокот на подготвеност да стане ризик – искористете ја оваа можност за систематски пристап кон усогласувањето.
Работилницата ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите, како и преглед на примери од праксата.

ПРОГРАМА
I.    ВОВЕД ВО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
-    Правото на приватност и заштита на личните податоци во македонскиот правен
     систем и европската регулатива;
-    Значење на заштитата на лични податоци за бизнисите;
-    Дефиниции и начела поврзани со обработката на личните податоци;
-    Законитост на обработката на личните податоци;
-    Офицер за заштита на личните податоци.

II.    БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
-    Воспоставување/оценка на информациски систем;
-    Проценка на ризик – согласно новата Методологија за процена на ризик;
-    Намалување на идентификуваните ризици до соодветно ниво на прифатливост
     (Цели на заштита, закани и мерки);
-    Управување со ризик;
-    Оценка и подобрување на техничките и организациските мерки.

III.    НАРУШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
-    Дефинирање;
-    Анализа на нарушувањата на безбедноста на личните податоци;
-    Известување до Агенцијата за заштита на лични податоци и субјектите на лични податоци;
-    Примери за нарушување на безбедноста на личните податоци, вклучувајќи конкретни студии на случај и примери од пракса за подобро разбирање на последиците.


Предавач: 

- м-р Ѓорѓи Рајчиноски, екперт за заштита на лични податоци, Офицер за заштита на лични податоци, поранешен супервизор во Агенцијата за заштита на личните податоци, консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од заштитата на личните податоци и дигитализацијата.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 23.09.2025 година.
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015