Семинар 30.09.2025
ПРОЦЕС НА ВРАБОТУВАЊЕ: ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОБВРСКА ЗА РАБОТОДАВАЧОТ ДА ГИ ИНФОРМИРА НЕИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ; ДОКУМЕНТИ КОИ СЕ ЧУВААТ ВО ДОСИЕТО НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ; КОИ ДОКУМЕНТИ СЕ ПОТПИШУВААТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Онлајн семинар


Стопанската комора на Северна Македонија, на 30 септември 2025 година, организира еднодневна онлајн работилница на теми: „Процес на вработување: задолжителна обврска за работодавачот да ги информира неизбраните кандидати; документи кои се чуваат во досието на избраните кандидати; кои документи се потпишуваат во процесот на вработување: договор за вработување, изјави за доверливост, изјави за конкурентско дејствување. Начин на информирање на работниците за важечките правилници кај работодавачот и осврт на најважните правилници кои секој работодавач треба да ги користи“. 
На уникатен начин, со детален преглед на законските обврски за двете страни, и работодавачот и работникот, на оваа работилница ќе се дискутираат најважните процеси при вработувањето. Од самиот почеток, односно од објавата на потребата за работници, низ постапката за избор на најсоодветниот кандидат, ќе се анализира кои чекори мора да се следат; кои информации треба, а кои не смеат да се побаруваат; кога може да се спроведе тестирање пред вработување, како и кога веќе ќе се направи изборот, кои се последователните обврски кон неизбраните канидидати.
Во моментот кога избраниот кандидат ќе пристапи кон работното место, потребно е да се потпише договор за вработување и истиот да биде запознаен со правилниците кои се во важност кај работодавачот. Дополнително, постојат изјави кои работодавачот може да ги воведе во својата пракса, со цел работникот да биде информиран за неговите законски обврски, а самиот договор за вработување да не биде премногу опширен.
Во поглед на употребата на правилници, на работилницата ќе се прегледаат најважните кои секој работодавач е препорачливо да а ги употребува со потенцирање на нивната практична вредност и бенефитите од употребата.
При анализата, ќе се посочат примери на елементи на интерните акти, ќе се објасни како истите да се подготват и спроведат и како работниците да бидат навремено и целосно информирани за истите.


ПРОГРАМА

I.    ПРАВА И ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ
-    Кои докази смее да ги побарува работодавачот од кандидатите;
-    Информации кои работодавачот не смее да ги побарува
-    Задолжително информирање на посебни категории работници;
-    Проверка на знаење: кога да се примени?

II.    ПРАВА И ОБВРСКИ НА КАНДИДАТИТЕ
-    Известување за факти и лични околности;
-    Права на неизбраните кандидати: информирање за избраниот кандидат.

III.    ДОКУМЕНТИ КОИ СЕ ПОТПИШУВААТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ
-    Договор за вработување: задолжителна содржина;
-    Изјава за конкурентско дејствување:
-    Конкурентска забрана (законска забрана за конкурентско дејствување, поим и времетраење,
     надомест на штета);
-    Конкурентска клаузула (договорна забрана за конкурентско дејствување, поим,
     времетраење и форма, надоместок за почитување на конкурентската клаузула,
     престанок на конкурентската клаузула).
-    Изјава за доверливост:
-    Обврска за чување на деловна тајна, податоци кои се сметаат за деловна тајна,
      интерен акт на работодавачот за протокол околу чување деловна тајна
-    Изјава за работен простор.

IV.    ПРАВИЛНИЦИ НА РАБОТОДАВАЧОТ
-    Информирање на работниците за постоечки и идни правилници кај работодавачот;
-    Најважни правилници кои работодавачите треба да ги употребуваат:
-    Правилник за работен ред и дисциплина со проширени основи за отказ на договорот
     за вработување и спроведување дисциплинска постапка;
-    Правилник за годишен одмор;
-    Правилник за упатување работници на обука.


Предавач: 
-    Викторија Спасовска – Симоноска,
адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.


Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 26.09.2025 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015