Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и Семос Едукација, ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме на Отворениот ден за вештачка интелигенција, на тема: „Време е за AI: Следниот чекор за вашиот бизнис“, кој ќе се одржи на 16 септември 2025 година (вторник), со почеток во 14:00 часот, во Сала 1 (5-ти кат), Стопанска комора на Северна Македонија, Скопје.
На бесплатниот настан учесниците ќе имаат можност да дознаат како вештачката интелигенција (АИ) го трансформира бизнис светот и отвора нови можности за зголемување на ефикасноста, иновациите и конкурентноста на компаниите – без разлика на нивната големина или дејност.
Дополнително, ќе биде ставен фокус на споредбата меѓу ChatGPT и Copilot – две водечки AI алатки кои сè повеќе се користат во деловното работење. Ќе се разгледаат нивните предности, разлики во функционалност, начини на интеграција во секојдневните задачи и примери од пракса, со цел учесниците да добијат јасна слика која алатка е најсоодветна за нивните потреби
Преку конкретни примери, практични решенија и стручни презентации, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со начините на кои АИ може:
• да го подобри донесувањето одлуки,
• да го автоматизира секојдневното работење,
• да овозможи персонализирано искуство за клиентите,
• и да поттикне одржлив раст.
Настанот е наменет за менаџери, претприемачи, ИТ професионалци и сите заинтересирани за иднината на дигиталната трансформација, пред кои ќе бидат презентирани и обуките кои специјално се дизајнирани за секоја од таргетираните групи, се со цел приближување на новите технологии и прикажување на придобивките од истите како за самите вработени, така и за компаниите.
Дополнително информирајте се за тековните обуки од областа на Вештачката интелигенција (AI)
Ве охрабруваме да присуствувате и да станете дел од иднината што веќе започна.
Пријавувањето е со пополнување на формата на следниот ЛИНК