Семинар 24.09.2025
ОСНОВ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗЕН РОК, ФОРМА И СОДРЖИНА, ОТКАЗЕН РОК, ПРАВО НА ЖАЛБА И ПРАВО НА СУДСКА ЗАШТИТА, ОСНОВ ЗА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ВО ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР, ТЕК НА ПОСТАПКАТА, ИСХОД И ПРАВО НА СУДСКА ЗАШТИТА

Онлајн семинар


Стопанската комора на Северна Македонија, на 24.09.2025 година,организира еднодневна онлајн работилница која ќе одговори на следните прашања за: Основ за престанок на договорот за вработување со отказен рок, форма и содржина, отказен рок, право на жалба и право на судска заштита, основ за дисциплинска постапка во приватниот и јавниот сектор, тек на постапката, исход и право на судска заштита, основ за арбитража при отказ на договор за вработување, тек на постапката и исход од арбитражата.

        На ова предавање ќе бидат изнесени законските решенија во однос на основите утврдени со закон врз основа на кои може да се прекине работниот однос и да се откаже договорот за вработување од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина за случаите за кои согласно законот е предвиден отказен рок.

      Посебно видување и осврт ќе има во однос на формата која е предвидена во законот и колективниот договор  во однос на актот односно одлуката со која работодавачот го откажува договорот за вработување во отказниот рок поради утврдените основи за откажување.

     На ова предавање ќе стане збор и за содржината на одлуката со која со која се откажува договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина со отказниот рок. Исто така ќе биде изнесено и видување во однос на доставување на одлуката за откажување на договорот за вработување, времето  на отпочнување на течење на рокот за жалба по однос на одлуката за отказ, како и обврската на работодавачот односно второстепениот орган кај работодавачот доколку има таков да постапи по жалбата и да донесе нова одлука во врска со престанокот. Во оваа прилика ќе се искоментира и правото на судска заштита пред надлежниот суд по однос на одлуката донесена по жалба. На предавањето ќе стане збор и за правата кои согласно закон ги ужива работникот во случај на поништување на отказот за престанок на работен однос во судската постапка, а особено за правото за враќање на работа и правото на обештетување на изгубената материјална и нематеријална  штета  поради незаконит престанок на работниот однос.

      Во втората сесија од предавањето ќе биде изнесен правниот основ за водење на дисциплинска постапка во приватниот и јавниот сектор. Овде ќе стане збор за текот на дисциплинската постапка, за  иницијатива за поведување на дисциплинска постапка, 
 предлог за водење на дисциплинска постапка, за тоа кој формира комисија за водење на дисциплинска постапка, за нејзиниот состав, начин на работење  и рокови за постапување со предлог на комисијата за изрекување на дисциплинска мерка од надлежниот кај работодавачот. Во ова предавање ќе се објасни и можноста за промена на дисциплинскиот предлог за изрекување на дисциплинска мерка дадена од комисијата за дисциплинска постапка,кој е надлежен и може да го промени предлогот за изрекување на дисциплинска мерка од надлежниот орган кај работодавачот со изрекување  на друга дисциплинска мерка. Исто така во оваа сесија ќе бидат објаснети сите потребни чекори и нивните рокови за поднесување на жалба против одлуката изречена во дисциплинската постапка, како и право на понатамошна правна заштита во побивање на оваа одлука во судска постапка пред надлежен суд.

      Во третиот дел,  ќе биде елаборирано можноста за примена на арбитража согласно Законот за мирно решавање на работни спорови во случај на откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина за случаи утврдени во законот за работни односи и колективните договори. Во оваа сесија подетално ќе биде објаснето за можноста за примена на арбитражата за текот и постапката на арбитражата како и решението на арбитар што може да се донесе во случај на успешно завршена арбитража . Ќе биде објаснето како решението на арбитерот које е резултат на постапка за арбитража има извршен наслов и против истата не може да се води понатамошна постапка, односно да се бара судска заштита

ПРОГРАМА:

I. ОСНОВ ЗА ПРЕСТАНОК  НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗЕН РОК, ФОРМА И СОДРЖИНА, ОТКАЗЕН РОК, ПРАВО НА ЖАЛБА И ПРАВО НА СУДСКА ЗАШТИТА

-Правен основ уреден во ЗРО и КО за престанок на работниот однос со отказен рок;
-Форма и содржина на одлуката за отказ;
-Врачување на одлуката за отказ;
-Право на жалба и одлука по жалба на одлуката за откажување на договорот за вработување;
-Право на судска заштита и рок за поднесување на тужба против конечна одлука за откажување на договор за вработување и
-Права на работникот во случај на поништување на одлуката за отказ од страна на надлежниот суд (враќање на работа, надомест на изгубана добивка за плата и придонеси од плата, како и надомест за нематеријална штета).

II. ОСНОВ ЗА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ВО ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР, ТЕК НА ПОСТАПКАТА, ИСХОД И ПРАВО НА СУДСКА ЗАШТИТА

-Правен основ за водење на дисциплинска постапка во приватниот сектор;
-Правен основ за водење на дисциплинска постапка во јавниот сектор;
-Иницијатива за поведување на дисциплинска постапка
-Давање на предлог за дисциплинска постапка;
-Формирање на комисија за дисциплинска постапка;
-Начин на работа на дисциплинската комисија;
-Начин на одлучување;
-Предлог на дисциплинската комисија за изрекување на дисциплинска мерка и негово доставување кај надлежниот за одлучување кај работодавачот, како и можноста за донесување на поинаква дисциплинска мерка од предложена од дисциплинската комисија;
-Видови на дисциплински мерки за сторен дисциплински прекршок;
-Право на жалба против  одлуката донесена во дисциплинска постапка, како и право на судска заштита против конечна одлука изречена по дисциплинска постапка.

III. ОСНОВ ЗА АРБИТРАЖА ПРИ ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ТЕК НА ПОСТАПКА И ИСХОД ОД АРБИТРАЖА

-Правен основ за спроведување на арбитража поради отказ на договор за вработување;
-Иницијатива за спроведување на постапка за арбитража;
-Избирање на арбитер за спроведување на постапка за арбитража;
-Процесни дејствија на арбитарот при арбитражата;
-Решение на арбитарот во случај на успешно завршување на арбитражата;
-Извршен наслов на решението  кога е донесено во постапката за арбитража;
-Предности на арбитражата пред судската постапка во однос на времетраење на работниот спор и трошоците во постапката.


Предавач: МИЛЕ СТОЈАНОВСКИ
-Експерт од областа на работни односи со  долгогодишно работно искуство  во пишување на закони, колективни договори, подзаконски акти од областа на работни односи, експерт за водење на прекршочни постапки и со богато искуство во учество и предавање на семинари, работилници, конференции од областа на работни односи.


Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 23.09.2025 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 18.03.2026
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС –  практични пристапи за повисока добросостојба и продуктивност
Семинар, 24.03.2026
ЗАКОНСКИ РОКОВИ И ПОСТАПКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КОИ ОПФАЌААТ: ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ ДО ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЗА ДОКУМЕНТИ СО ИЗМИНАТ РОК НА ЧУВАЊЕ; ПРЕГЛЕДУВАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА; ФОРМИРАЊЕ КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Тренинг обука, 25.03.2026
“LEAN Management” - Градење на култура на ефикасност и квалитет со континурано подобрување -
Семинар, 25.03.2026
ХРАНА ПОД КОНТРОЛА: ПРЕКРШОЦИ, САНКЦИИ И ИНСПЕКЦИСКИ ПОСТАПКИ-Законски обврски на операторите со храна,Основни правила од Законот за безбедност на храна,Инспекциски надзор: постапки, права и обврски
Семинар, 25.03.2026
НАПРЕДНИ БУЏЕТИ И АЛАТКИ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА БУЏЕТИТЕ СО НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ
Семинар, 27.03.2026
ОД РЕГРУТАЦИЈА ДО МОНИТОРИНГ НА РАБОТНАТА ЕФЕКТИВНОСТ -УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИТЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 27.03.2026
СПОГОДБАТА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ РАБОТОДАВАЧОТ И РАБОТНИКОТ-Во кои ситуации може да се употреби спогодба? Дали штетата сторена на работа може да биде уредена со спогодба? Кој ја надоместува штетата и во кој износ?
Семинар, 31.03.2026
INCOTERMS 2020 – КЛУЧ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА