Семинар 20.10.2025
Eднодневна специјалистичка обука на тема:  ЕКСПЕРТ ВО ПРОДАЖБА – СУПЕРМОЌИТЕ НА ПРОДАВАЧОТ

Стопанска комора на Македонија


Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 20 октомври 2025 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема:  ЕКСПЕРТ ВО ПРОДАЖБА – СУПЕРМОЌИТЕ НА ПРОДАВАЧОТ.

Во динамичниот свет на бизнисот, продажбата повеќе не е само вештина – таа е стратегија, систем и умешност да се изгради доверба и долгорочна вредност со клиентите. „Експерт во продажба – Супермоќите на продавачот“ е интензивна обука дизајнирана да им помогне на искусните професионалци да го подигнат својот продажен перформанс на повисоко ниво. Преку практични алатки, современи техники и структуриран пристап во 3 модули, учесниците ќе откријат како да станат вистински лидери во продажбата и да креираат резултати што траат.

Оваа обука нуди модерен и практичен пристап кон продажбата – далеку од застарени техники. Ќе добиете алатки кои веднаш можете да ги примените, ќе изградите дисциплина што носи резултати и ќе заминете со јасен план за продажба. Завршува со сертификат – трајна вредност за секој професионалец.

Зошто ја препорачуваме оваа обука?

👉 Затоа што нуди модерен, четиридимензионален пристап кон продажбата, далеку од класичните техники.

👉 Затоа што добивате стратешки алатки кои веднаш можете да ги примените во практиката.

👉 Затоа што ја развива дисциплината и менталната сила што ги издвојува врвните продавачи од просечните.

👉 Затоа што комбинира теорија + практични примери + вежби, со што учењето е динамично и применливо.

👉 Затоа што завршува со сертификат и книга – трајна вредност и потсетник на наученото.

👉 Затоа што ќе излезете од обуката со конкретен план за продажба и сопствен сет на „супермоќи“.

 
За кого е наменета оваа обука?

За сите што сакаат да ја подигнат продажбата на повисоко ниво од сите дејности:

 
  • Среден менаџмент;
  • Професионални продавачи со 5 и повеќе години искуство;
  • Менаџери и раководители на продажба;
  • Комерцијалисти на терен;
  • Менаџери за клучни клиенти;
  • Вработени во маркетинг;
  • Претприемачи.
ПРОГРАМА:
Модул 1: Продажба во 4 димензии
  • Запознавање со агендата и целите на обуката;
  • Што го сочинува вкупниот продажен перформанс на експертот во продажба?
  • Што претставува четиридимензионална продажба?
  • Полуги и алатки на убедливост на експертот во продажба;
  • Ефикасни алатки за дијагностика на купувачот, неговите потреби и очекувања.

Модул 2: Мојот стратешки план за продажба и карактерот на експертот во продажба

  • Стратешки план за продажба и нов концепт на продажба;
  • Точка на паритет и точка на диференцијација;
  • Четиридимензионален пристап кон продажбата и придружни алатки;
  • Врвна презентација како алатка за продажба.

Модул 3: Супермоќите на експертот во продажба

  • Целите се преценети – дисциплината е мајсторство;
  • Како експертот во продажба ги надминува предизвиците и „болестите“ на продажбата?
  • 7-те заповеди на ефикасната продажба на експертот во продажба;
  • Евалуација на обуката и доделување сертификати.
Што добиваат учесниците?
  • Освежување, кафе и оброк за време на паузите;
  • Сертификат од D.R. Gilbert Центар група;
  • Материјал за водење белешки и електронски PPT презентација по завршување на обуката;
  • Книга од D.R. Gilbert која ја следи темата на обуката со доплата;
  • Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците;
  • Работен јази:српски јазик.
 
Предавач:


Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.

 Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој контекст работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015