Семинар 29.10.2025
НАЈЧЕСТИ ПРОПУСТИ ШТО СЕ ПРАВАТ ПРИ ПРИМЕНА НА ПРОПИСИТЕ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО ДЕЛОТ НА ЗАСНОВАЊЕ, ТЕКОТ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ОДНОС ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ПЛАТАТА, ДОДАТОЦИ, РЕГРЕСОТ, ЈУБИЛЕНАТА НАГРАДА, ОДМОРИТЕ И ОТСУСТВАТА

Онлајн работилница


         Стопанската комора на Северна Македонија, на 29.10.2025 година, организира еднодневна онлајн  работилница која ќе одговори на следните прашања за: Најчести пропусти што се  прават при примена на прописите од работните односи  во делот на засновање, текот и  раскинување на работниот однос исплата на минималната плата и платата,  додатоци, регресот, јубиленната награда, одморите и отсуствата и неплатеното отсуство и правото  и видот на правна   заштита на работникот.

       На ова предавање во првата сесија од истото  ќе стане збор за најчестите пропусти кои се прават од страна на работодавачите во примената на работно правните прописи кои се однесуваат на засновањето на работниот однос. Понатаму ќе стане збор и за нецелосната примена на одредбите кои се однесуваат на работниот однос. Исто така на крајот од сесијата ке бидат посочени сите можни ситуации кога непрвилно се применуваат одредбите од прописите од работните односи кои се однесуваат на престанокот на работниот однос дали се работи за престанок од лични причини, причини на вина или деловни причини.  На крајот на  овој дел ќе стане збор и на правото и видот на правната заштита на работникот преку инспекциските органи и правото на судска заштита. 

            Во однос на излагањето на втората сесија ќе стане збор за пропустите и грешките што најчесто се детектирани во однос на примената на прописите од работните односи кои се однесуваат на минималнат плата. Овде ќе стане збор и за пропустите кои се праваат во однос на утврдување на платата со нејзините составни компоненти, за рокот на исплата на платата. Во оваа сесија ќе се направи и излагање на детектираните непра- вилности во однос на додатоците на плата во смисла на нивното определување, пресметување и исплаќање. Посебен осврт ќе се направи во однос на регресот како право од работните односи. За ова право ќе се образложи  неговото стекнување, висината на исплаќање, за исплаќање во помал обем без соодветна спогодба. Во однос на правото на јубилејна награда ќе бидат опфатени сите детектирани пропуст кои се праваат во однос на утврдувањето на самото право, неговата форма, висината во кој се остварува ова право. На крајот на  овој дел ќе стане збор и на правото и видот на правната заштита на работникот во однос на предметните права  кој се остварува  преку инспекциските органи и преку  судска постапка.

         Во однос на излагањето на третата  сесија ќе стане збор за пропустите и грешките што најчесто се детектирани во однос на примената на прописите од работните односи кои се однесуваат  на утврдувањето на самото право на годишен одмор. Дополително ке се објасни пропустот што се прави во однос на обезбедување на користењето на самото право на годишен одмор во тековната година или во текот на наредната календарска година. Овде ќе стане збор и за пропустите кои се прават во однос на обезбедување на правот на одмор во траење од два дена  по барање на работникот. Во делот на платеното отсуство од работа ќе се изложат можните ситуации и пропустите што се праваат во тој дел од страна на работодавачите. На крајот ќе стане збор и за неправилно постапување на работодавачите при обезбедување на правото на неплатено отсуство од работа  и повторното враќање на работа на работникот како и на правото на правна заштита во поглед на обезбедување на овие права пред инспекциските служби или преку судска заштита.   

ПРОГРАМА: 
ПРАКТИЧНИ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВАМЕ ПРИ ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗРО ВО ВРСКА ЗАСНОВАЊЕТО, ТЕКОТ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ОДНОС 

-   Договорот не ги содржи потребните елементи;
-  Нема јасни и прецизни одредби во самите одредби на договорите;
-  Договорите на определено време секога се прави грешка и  се склучуваат само 
   определување на  време на траење, а не и за  завршување на одредена работа или 
   замена на отсутен работник до негово враќање;
-  Не се прави трансформација на договорите од определен на неопределено време кога 
   за тоа ќе се исполнат условите;
- Се стават невалидни одредби во договорите за вработување;
- Договорите за вработување не се дават на работникот;
- Кога ќе истече еден договор за вработување на определено време
   не се склучува нов договор, а задолжителното социјално осигурување продолжува;
-  Во договорот се стават заштитни клаузули спротивни на законот;
-  Се вршат работи надвор од договореното во самиот договор;
- Договорот е склучен на пола работно време,а работникот работи со полно работно 
  време;
- Правна заштита на работникот пред инспекциските служби и судска заштита.

НАЈЧЕСТИ ПРОПУСТИ ЗА ПРИМЕНА НА РАБОТНО ПРАВНИТЕ ИНСТИТУТИ ВО ОБЛАСТА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА, ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА, РЕГРЕС И ЈУБИЛЕJНА НАГРАДА И ПРАВНА ЗАШТИТА
-    На минималната плата утврдена со закон не се додава делот за
      минат труд како задолжителна компонента;
-     Плаќањето на плата не се врши во законскиот рок;
-    Често се пресметува погрешно платата не водејќи сметка за компонентите на плата утврдени
     со закон и КД;
-    Не правилно се пресметува надоместок на плата при боледување;
-    Не се исплаќа отпремнина и испратнина на пропишаниот начин;
-    Не се плаќа надомест на плата во случај на виша сила и основицата за
     исплата е надвор од дозволено во законот;
-    Не се исплаќа надомест на плата кога има прекин  на работен  процес од деловни причини;
-    Погрешна пресметка на додатоците на плата;
-    Правото на регрес се врзува со годишен одмор, се исплаќа со помал обем без основ – спогодба;
-    Погрешно се применуваат одредбите  за правото, видот и  времето на исплата
     на јубилејната награда (особено во јавен сектор);
-    Во приватниот сектор јубилејна награда се исплаќа само за 10 години и
-    право на правна заштита.
   
НАЈЧЕСТИ ПРОПУСТИ  ПРИ ПРИМЕНА НА  РАБОТНО ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ЗА ОДМОР ПЛАТЕНО И НЕПЛАТЕНО ОТСУТВО
 - Не се дава годишен одмор во рамки на предвиденото во законот и КД;
 - Не се издава решение за годишен одмор;
 - Не се издава потврда за искористен годишен одмор;
 - Еден дел од годишниот одмор не се користи во  траење од најмалку две непрекинати 
   недели во тековната година;
  - Не се обезбедува правото на годишен одмор од два работни дена по барање на 
     работникот;
   - Неправилно се користи пропорционалниот дел од годишниот одмор;
   - Не се обезбедува соодветно правото на дополнителен одмор како платен одмор 
     заради лични и семејни околности;
    - Правото на правна заштита.


Предавач: Миле Стојановски, eксперт за работни односи со децениско искуство во однос на  инспекциски надзор, изработка на законски решенија од работните односи и  и подзаконски  акти, арбитар помирувач и со  долгогодишно искуство на јавни настапи на предавања, конференции, обуки, сминари , работилници.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 28.10.2025 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 18.03.2026
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС –  практични пристапи за повисока добросостојба и продуктивност
Семинар, 24.03.2026
ЗАКОНСКИ РОКОВИ И ПОСТАПКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КОИ ОПФАЌААТ: ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ ДО ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЗА ДОКУМЕНТИ СО ИЗМИНАТ РОК НА ЧУВАЊЕ; ПРЕГЛЕДУВАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА; ФОРМИРАЊЕ КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Тренинг обука, 25.03.2026
“LEAN Management” - Градење на култура на ефикасност и квалитет со континурано подобрување -
Семинар, 25.03.2026
ХРАНА ПОД КОНТРОЛА: ПРЕКРШОЦИ, САНКЦИИ И ИНСПЕКЦИСКИ ПОСТАПКИ-Законски обврски на операторите со храна,Основни правила од Законот за безбедност на храна,Инспекциски надзор: постапки, права и обврски
Семинар, 25.03.2026
НАПРЕДНИ БУЏЕТИ И АЛАТКИ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА БУЏЕТИТЕ СО НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ
Семинар, 27.03.2026
ОД РЕГРУТАЦИЈА ДО МОНИТОРИНГ НА РАБОТНАТА ЕФЕКТИВНОСТ -УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИТЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 27.03.2026
СПОГОДБАТА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ РАБОТОДАВАЧОТ И РАБОТНИКОТ-Во кои ситуации може да се употреби спогодба? Дали штетата сторена на работа може да биде уредена со спогодба? Кој ја надоместува штетата и во кој износ?
Семинар, 31.03.2026
INCOTERMS 2020 – КЛУЧ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА