Работилница 21.08.2026
ПЛАТАТА ПОД ЛУПА:Кога работодавачот смее да задржи дел од платата? Разлика помеѓу додатоци на плата (Прекувремена работа, ноќна смена, дежурства) и надоместоци на плата (Надоместок за годишен одмор)

онлајн работилница


Стопанската комора на Северна  Македонија, на 21 август 2026 година, организира еднодневна, интерактивна и практично ориентирана онлајн работилница на тема: „ПЛАТАТА ПОД ЛУПА: Кога работодавачот смее да задржи дел од платата? Разлика помеѓу додатоци на плата и надоместоци на плата“. 
Платата и годишниот одмор се меѓу темите што најчесто отвораат практични дилеми во работните односи – и за работодавачите и за работниците. Токму затоа, оваа работилница ќе биде посветена на прашањата што многупати се појавуваат во секојдневната практика, а чие погрешно толкување може да доведе до дилеми, инспекциски постапки или судски спорови.
Ќе започнеме со едно од најчувствителните прашања – кога работодавачот смее да задржи дел од платата на работникот и под кои услови е дозволено порамнување на побарувањата. Ќе се разгледаат ограничувањата што работодавачот мора да ги има предвид.
Посебно внимание ќе биде посветено на разликата помеѓу додатоците и надоместоците на плата. Ќе се анализира кога прекувремената работа, ноќната работа и дежурствата создаваат право на додаток на плата. 
Во делот посветен на годишниот одмор ќе се одговорат прашањата што особено стануваат актуелни во периодот на летните одмори: дали работодавачот може да го промени веќе утврдениот план за користење на одмор, дали работникот смее да замине на одмор без претходно да добие решение, колку денови од одморот се користат во летниот период и дали неискористениот годишен одмор може да се замени со паричен надоместок.

ПРОГРАМА:

I.ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА

-Додатоци кои произлегуваат од работно време;
-работа во смени, работа на дежурство, согласно со закон, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон, додаток за работен стаж;
-Додатоци кои произлегуваат од условите на работата;
-Надоместок за смрт на работникот или член на неговото семејство;
-Обврска на работодавачот и околности кога се исплаќаат додатоци;
-Разлика од надоместоци на плата.

II.ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА
-Поим и основи за воведување на прекувремена работа;
-Времетраење на прекувремената работа;
-Бонус за прекувремени часови;

III.РАБОТА НОЌЕ
-Посебна заштита на работниците кои работат ноќе.

IV.ГОДИШЕН ОДМОР
-Право на годишен одмор, определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор.

V.ДРУГИ ПЛАТЕНИ ОТСУСТВА-ПЛАТЕН ОДМОР
-Склучување на брак, склучување брак на дете, раѓање или посвојување дете, смрт на сопружник или дете, смрт на родител, брат, сестра, смрт на родител на сопружник, смрт на дедо или баба, полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот, елементарни непогоди.

VI.НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО
-Правни основи за користење неплатено отсуство;
-Мирување на правата од работен однос;
-Акти за реализирање на неплатено отсуство.

VII.ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
-Основ и услови за порамнување на побарување на работодавач со обврска за исплата на плата;
-Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата.

Предавач: 

-Викторија Спасовска – Симоноска,  адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право;
Сите заинтересирани за учество на оваа ОНЛАЈН работилница можат да се пријават најдоцна до 19.08.2026 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 17.09.2026
„КАДЕ СЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДИГИТАЛНОТО РАБОТЕЊЕ: СИСТЕМИ, АПЛИКАЦИИ, AI АЛАТКИ, ВЕБ СТРАНИЦИ, COOKIES, ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ И ПРОФИЛИРАЊЕ – ПРАВИЛА, РИЗИЦИ И КАЗНИ“
Семинар, 17.09.2026
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ ВО ОРГАНИЗАЦИИ
Семинар, 23.09.2026
AI FOR DOCUMENTATION: ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИ РАБОТА СО ДОКУМЕНТИ
Семинар, 24.09.2026
ПРИЧИНИ И ОСНОВ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, КОМПОНЕНТИ НА ПЛАТА ВО ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР , ВИДОВИ НА ДОДАТОЦИ , НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТРГОВСКИ ДРУШТВА ВО СОПСТВЕНОСТ ИЛИ СО УЧЕСТВО НА РСМ
Работилница, 29.09.2026
ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: НАЈЧЕСТИ ПРЕДИЗВИЦИ, ГРЕШКИ И ПРАКТИЧНИ РЕШЕНИЈА ПРИ ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ“
Семинар, 30.09.2026
ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ПРЕКУ СОВРЕМЕНИ ПРАВИЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АРХИВСКИОТ И ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ
Семинар, 30.09.2026
ДЕЛОВEН EXCEL ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Семинар, 15.10.2026
BE • DO • HAVE – ТЕХНИКА ЗА 70% ПОГОЛЕМИ ПРОДАЖНИ РЕЗУЛТАТИ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА И КРЕИРАЊЕ НА ПОВТОРЛИВА ПРОДАЖБА