Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност, со кој целосно се регулира продукцијата на службени електронски документи, како и чувањето, заштитата и користењето на електронскиот архивски материјал, преку формирање на Единствен национален архивски информациски систем со што на Државниот архив, како сервис на граѓаните, му се овозможува полесно управување со архивските фондови и збирки, а на корисниците им се овозможува полесен, побрз и поквалитетен пристап до јавните документ.
Исто така, со воспоставувањето на Информациски систем за канцелариско и архивско работење се овозможува автоматизација на работните процеси и компјутерска поддршка на сопственото канцелариско и архивско работење.
Програма на семинарот:
Закон за архивски материјал;
Помошна евиденција во канцелариското работење;
План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
Прегледување и распоредување на документи и записи;
Составување комисија за избор и ништење на документи;
Распоредување документи по интерни доставни книги;
Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
Одлагање решени документи во архива;
Евидентирање на архивскиот материјал;
Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал во соодветен простор и стандардна опрема;
Сопствена евиденција во процес на архивирање;
Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
Правилна класификација и рокови на чување на документација;
Организација и надзор на документиран систем;
Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
Уредба за канцелариско и архивско работење;
Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.
Целна група за семинарот:
-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.
Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Заинтересираните за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 20.08.2026 година.