Бизнис Центар за тренинг и обука 05.10.2020
👁 Прочитано: 24


МОДУЛИ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

Акредитирани програми од
Министерството за образование и наука на Република Македонија

Образование на возрасните е дел од системот на образование кој обезбедува доусовршување, оспособување, добивање дополнителна квалификација или преквалификување по програми и на начин прилагоден за возрасните лица. Системот за образование на возрасните е акредитиран, јавно признат сертификационен систем од Република Македонија со кој се добиваат национално признати сертификати кои ги докажуваат добиените стручни компетенции од одредена област. Сите програми се состојат од теоретски и практичен дел. Предавањата се следат во посебно опремени простории во Стопанската комора на Македонија во Скопје, а праксата на учесниците во програмите се одржува во реномирани компании во зависност од струката. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит со што се стекнуваат со Сертификат акредитиран од страна на Министерството за образование на Република Македонија.

Програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект
Гипсер - монтер
Фасадер
Аргон заварувач
Келнер - гастроном
Изработувач на бели печива
Менаџерски вештини за управување со
човечки ресурси

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење
Рецепционер

Службеник во книговодство
Туристичко - агенциски службеник

Фризер - основен курс
Шивач и кројач на конфекциски материјали

 

Дополнителни информации:

• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;
• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;
• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.

Програмата за доживотно учење нуди обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Можноста да се добијат нови квалификации или едноставно да се потврди веќе стекнатото искуство со акредитиран Сертификат е начин за огромен број на лица да го решат проблемот со невработеноста.

Стопанска комора заедно со најреномираните фирми во Македонија е местото каде што невработените лица ќе можат да стекнат теоретско и практично знаење за потребната квалификација.


 


10.05.2024,
СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР – РЕЦЕПТ ЗА УСПЕХ
Во рамките на настанот ОТВОРЕН ДЕН „УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ-ПОВЕЌЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕ“ што го организираше Универзитетот „Св. Климент Охридски“ , Битола, во Охрид, беа  организирани две панел дискусии под мотото „Повеќе од образование“.   Настанот беше модер...
10.05.2024,
ПОДДРШКАТА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА КОМОРАТА ЗА ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СТИГНА И ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ „СВ.АПОСТОЛ ПАВЛЕ“ ОД ОХРИД
Високото образование треба да стане синоним на реални и употребливи знаења и вештини на дипломираните студенти кои што ќе се мерат со брзо вработување на студентите по нивното дипломирање, а тоа е возможно само преку квалитетна практична настава за с...
20.04.2024,
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Квалитетот на практичната обука зависи од правилно функционирање на триаголникот ментор во компанија, ученик и координатор за учење преку работа во стручно училиште. Затоа се потребни подготвени ментори кои го пренесуваат на наједноставен видлив начи...
23.11.2023,
НЕДОСТИГААТ ОКОЛУ 10.000 РАБОТНИЦИ, ЗАВАРУВАЧИ, СЛАТКАРИ, ПЕКАРИ, МЕСАРИ, НО И ТЕКСТИЛНИ ТЕХНИЧАРИ И ИНЖИНЕРИ
Стопанската комора будно ги следи потребите на бизнис заедницата за обезбедување стручен кадар за раст на продуктивноста и зголемување на извозната дејност на компаниите. Анализите што ги прави Комората покажуваат дека 60% од компаниите имаат недости...
21.11.2023,
“ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: КАКО ДО КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА?“ – бизнис средба
Недостигот на работна сила станува сè посериозен проблем со кој се соочува бизнис заедницата. Дуалниот модел на образование, како најефикасен начин на подготовка и обезбезбедување квалификуван кадар, што беше во фокусот на активности на Комората во п...
05.06.2023,
ОБУКИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ - МОЖНОСТ ЗА РАСТЕЊЕ НА КОМПАНИЈАТА
Советот за развој на тренингот и обуките при Стопанската комора со поддршка на Бизнис центарот за тренинг и обуки ДООЕЛ, Охрид за вработените од Рудници „Саса“, ја организираше третата по ред, тридневна обука во период од 5 до 7 јуни 2023 година. Ком...
<<  <  1    >  >> 


Контакт лице: м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората
Телефон: ++ 389 2 3244045, M. 072 204 860
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: natasa.janevska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015