Со Законот за изменување и дополнување на законот за енергетска ефикасност, се изменуваат и дефинираат основните елементи на програмата и начинот на вршење обука, начинот на полагање стручен испит за енергетски контролор, формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата на извештаи. Дополнително, се уредуваат одредбите за членовите за Комисијата кои ќе вршат контрола, нивните квалификации, како и највисокиот можен надоместок за извршената работа.
Законот уредува и глоба за прекршок за енергетскиот контролор и ги наведува случаите во кои се изрекува истата.
Законот уредува и кои Правни лица вршат евалуација на спроведените обуки и ги признаваат завршените обуки спроведени до денот на влегувањето во сила на овој закон, согласно со „Програмата за поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“ и „Програмата за Европски енергетски менаџер на EUREM“.