Врз основа на член 66 став 3 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19, 27/20 и 56/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ВИДОТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ, КАКО И НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОЦИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ МАТЕРИИ И ДРУГИ ЗАГАДУВАЧИ/КОНТАМИНЕНТИ (ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ) ВО ОБРАБОТЕНИОТ ТУТУН И ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН
Член 1
Со овој правилник се пропишува видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун.
Член 2
Штетните материи во обработениот тутун и производите од тутун се делат на следните видови:
- штетни материи од физичко потекло кои се радио- нуклиди во обработениот тутун и производите од тутун;
- штетни материи од хемиско потекло кои се тешки метали и металоиди, како и резидуи од активните суп- станции од фитофармацевтски производи во максимални- те нивоа во обработениот тутун и производите од тутун и
- штетни материи од биолошко потекло кои се штетни организми како: тутунски молец или тутунов пламенец - Ephestia eluetella Hub во обработениот тутун и тутунска буба - Lasioderma serricorne F. во об- работениот тутун и производите од тутун.
Член 3
Утврдувањето на видот на штетните материи и дру- ги загадувачи/контаминенти во обработениот тутун и производите од тутун се врши на следниот начин:
- со земање примероци за праќање на анализа во ак- редитирани лаборатории на обработениот тутун и про- изводите од тутун, по однос на штетните материи од физичко и хемиско потекло, согласно стандардот ISO 17025 и
- со визуелен преглед на обработениот тутун и про- изводите од тутун, како и материјалот во кој е пакуван, по однос на штетните материи од биолошко потекло, кој се врши на местото на истовар со земање на примероци согласно стандардите МКС ISO 4874 и MKC ISO 8243.
Член 4
Начинот и методите на земање на примероци за утврдување на штетните материи од физичко потекло во обработениот тутун и производите од тутун се вршат согласно член 11 од Правилникот за максимално дозволени количини на радионуклиди во храна, вода, воздух, земјиште, производи и суровини од животинско и растително потекло и предмети за општа употреба.
Член 5
Обработениот тутун и производите од тутун (без опаковга, без цигарна и филтер хартија, како и без филтер), сметано на тежина од 1 kg не треба да ги сод- ржат следните видови на тешки метали и металоиди:
- кадмиум повеќе од 1 mg;
- жива повеќе од 3 mg;
- арсен повеќе од 3 mg;
- олово повеќе од 10 mg;
- хром повеќе од 50 mg и
- никел повеќе од 50 mg.
Обработениот тутун и производите од тутун не треба да содржат резидуи од активните супстанции на фитофармацевтски производи во количества поголеми од максималните нивоа дадени во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.
Член 6
Начинот и методите на земање на примероци за утврдување на штетните материи од биолошко потекло во обработениот тутун и производите од тутун се вршат согласно членовите 10 и 11 од Правилникот за начинот на спроведување на здравствен преглед и начинот на земање на примероци на тутун над кои се врши фитосанитарен мониторинг.
Член 7
Прегледот на домашно произведениот и увезениот обработен тутун и производите од тутун и на неговата пропратна документација се врши од страна на државниот земјоделски инспектор.
По извршениот преглед од ставот 1 на овој член, од страна на државниот земјоделски инспектор се земаат примероци за анализа согласно член 3 од овој правилник и составува записник.
Примерокот за анализа, записникот од ставот 2 на овој член, како и барањето за вршење на анализа се доставуваат до акредитирана лабораторија од областа на тутунот најдоцна до 48 часа од времето на земање на примерокот.
Член 8
Прегледот и земањето примероци за анализа на обработениот тутун и производите од тутун согласно член 3 од овој правилник, се врши во присуство на овластено/вработено лице од страна на извозникот/увозникот на обработениот тутун, домашниот производител и/или увозникот на производите од тутун кое определува лица кои ќе вршат помошни дејствија при земањето на примероците.
Член 9
Штетните материи и другите загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во земените примероци на обработениот тутун и производите од тутун се утврдуваат во акредитирана лабораторија за анализа на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработе- ниот тутун и производите од тутун, која е акредитира на согласно стандардот ISO 17025.
Член 10
Акредитираната лабораторија по извршената анализа изготвува извештај од тестирањето и истиот го доставува до државниот земјоделски инспектор, до извозникот/увозникот на обработениот тутун, домашниот производител и/или увозникот на производот од тутун.
Член 11
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 29-1713/2 Министер за земјоделство,
28 март 2023 година шумарство и водостопанство,
Скопје Љупчо Николовски, с.р.
Прилог
МАКСИМАЛНО НИВО НА РЕЗИДУИ (МНР) ОД АКТИВНИТЕ СУПСТАНЦИИ ОД ФИТО- ФАРМАЦЕВТСКИ ПРОИЗВОДИ ВО ОБРАБО- ТЕНИОТ ТУТУН И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ТУТУН
|
Ред.
број
|
Активна
супстанција
|
МНРК mg/kg (ppm), се однесува на делот со тутун
|
1.
|
ALDIKARB + ALDIKARBSULFOKSID + ALDOKSIKARB
|
10 (сметано како Aldikarb)
|
2.
|
ALDRIN (сам или заедно со DIELDRIN)
|
0,3 (сметано како dieldrin)
|
3.
|
BENALAKSIL
|
0,1
|
4.
|
BIFENTRIN
|
5,0
|
5.
|
CINEB
|
50,0
|
6.
|
ENDRIN
|
03
|
7.
|
HEPTAHLOR (+ IZOMERI) + HEPTAHLOR EPOKSID
|
0,2 (сметано како heptahlor)
|
8.
|
DAZOMET
|
0,02
|
9.
|
DELTAMETRIN
|
5,0
|
10.
|
DIAZINON
|
10
|
11.
|
DDT и метаболити
|
20
|
12.
|
DIFENAMID
|
0,1
|
13.
|
DIHLOROPROPEN
|
0,05
|
14.
|
DIHLORVOS
|
10
|
15.
|
DIKOFOL
|
5,0
|
16.
|
DIMEFOKS
|
0,01
|
17.
|
DIMETOAT
+OMETOAT
|
1,0 (вкупно)
|
18.
|
DINOKAP
|
15
|
19.
|
DISULFOTON и метаболити
|
1,0
|
20.
|
DITIOKARBAMATI
|
25 (вкупно сметано како CS2)
|
21.
|
ENDOSULFAN
|
20,0
|
22.
|
ETEFON
|
80,0
|
23.
|
ETOPROFOS
|
0,2
|
24.
|
FENITROTION
|
10
|
25.
|
FOKSIM
|
1,0
|
26.
|
FONOFOS
|
02
|
27.
|
FORAT (вклучува токсични метаболити)
|
0,2
|
28.
|
FORMOTION
|
1,0
|
29.
|
FOSFAMIDON
|
10
|
30.
|
FOSFOROVODOROD (PH3), FOSFID
|
0,01
|
31.
|
HCH (alfa+beta+delta)
|
05
|
32.
|
HCD
|
03
|
33.
|
IMIDAHLOPRID
|
50
|
34.
|
KAPTAN
|
5,0
|
35.
|
KARBOFURAN
|
2,0
|
36.
|
HLORPIRIFOS
|
0,05
|
37.
|
LAMBDA
CIHALOTRIN
|
1,0
|
38.
|
LINDAN
|
10
|
39.
|
MALATION
|
3,0
|
40.
|
MALEINSKI HIDRAZID
|
50,0
|
41.
|
MANKOZEB
|
50,0
|
42.
|
METALOKSIL
|
20
|
43.
|
METIDATION
|
10
|
44.
|
METOBROMURON
|
10
|