ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА AКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ТРАНСПОРТ „ЖЕЛЕЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ТРАНСПОРТ АД-СКОПЈЕ



Врз основа на член 418 став (1) од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 290/20, 215/21 и 99/22), Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, на седницата, одржана на 5 март 2024 година, донесе

 

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА AКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО

ЗА ТРАНСПОРТ „ЖЕЛЕЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

ТРАНСПОРТ АД-СКОПЈЕ

 

Член 1

Во Статутот на Акционерското друштво за транспорт „Железници на Република

Северна Македонија“ ТРАНСПОРТ АД - Скопје („Службен весник на Република

Македонија“ бр. 58/07, 21/08, 87/09, 95/09, 151/09, 121/10, 107/12, 108/14, 4/15, 28/15, 64/16, 142/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 182/19), во член 7 ставот 1 се менува и гласи:

„Основната главнина на Друштвото е имотот на Друштвото, потврденa со Одлука на Владата на Република Северна Македонија за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година бр. 41-8614/8 од 27 октомври 2023 година и Одлука на Владата на Република Северна Македонија за зголемување на основната главнина на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје во државна сопственост, со влогови преку издавање на нови акции на четврта емисија по пат на приватна понуда бр. 41-8614/9 од 27 октомври 2023 година и изнесува 10.232.085.345,00 денари.“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„Основната главнина е распоредена на 10.232.085 обични акции кои ги поседува

акционерот - Република Северна Македонија со номинална вредност од 1.000,00 денари.”.

 

Член 2

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за изменување на Статутот на Aкционерското друштво за транспорт „Железници на Република Северна Македонија“ АД-Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 37/24).

 

Член 3

Се овластува Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија

Транспорт АД - Скопје, да подготви пречистен текст на Статутот.

 

Член 4

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

 

 

Бр. 41-560/13

5 март 2024 година

Скопје

             Претседател на Владата

на Република Северна Македонија,

м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.


Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје