Управниот одбор на Советот на странски инвеститори одржа работна средба на 9.02.2024 во просториите на Стопанската комора на РС Македонија.
Во пресрет на парламентарните избори 2024, Управниот одбор дискутираше по неколку предлози, барања и очекувања на странските инвеститори од новата Влада, и одлучи истите да бидат дел од платформата за дијалог со политичките партии, преку која, заедно со претставниците од Стопанскатата комора ќе бидат претставени приоритетите на бизнис секторот и од новата Влада ќе бидат побарани промени за подобрување на економската клима во земјава.