Задоволство ни е да Ве информираме дека вчера во Службен весник бр.75/2024 е објавен новиот Правилник за за водење сметководство според новите МФСИ стандарди.
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН ВОДЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВО Сл.весник бр.75/2024 од 3 април 2024 година – ISOS
Овој Правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник, a ќе започне да се применува од 1 јануари 2025 година.
Советот на странски инвеститори веќе подолго време иницираше и бараше усогласување и примена на најновите меѓународни стандарди за финансиско известување, бидејќи истите не беа ажурирани цели 12 години. Ова беше едно од Топ 5 барањата на странските инвеститори според анкетата Бизнис и инвестициски индикатор 2023.
Меѓународните сметководствени стандарди имаат пресудна улога во процесот на унификација и хармонизација на финансиското известување преку стандардизирање на финансиските извештаи што овозможува најдобра и најсигурна подлога за оценување на различните деловни одлуки како кај македонските компании, така и кај странските инвеститори.
Усогласувањето на Меѓународните сметководствени стандарди е од исклучително значење компаниите во земјава затоа што го намалува административниот товар, особено кај странските компании, кои досега беа приморани да водат паралелни извештаи за целите на известување кон компаниите-мајки и извештаи кои се усогласени со домашната регулатива.
Исто така, со ова усогласување се отвара патот за унифицирање на правилата за оправдани инвестициски трошоци за државна помош кои би имале ист третман кај сите даватели на државна помош. Очекуваме спроведување на истото веднаш после изборите и воспоставувањето на новата Влада.
Советот на странски инвеститори изразува благодарност и задоволство од досегашната соработка со сите релеватни институции во врска со најновото усогласување и донесувањето на новиот Правилник. Посебна благодарност до ИСОС- Институт за сметководители и овластени сметководители.
Советот на странски инвеститори ќе продолжи и понатаму да ја охрабрува државата да ги следи и применува најновите меѓународни достигнувања во различни аспекти на деловното работење.