Предавање на тема: Странски директни инвестиции - Привлекување и задржување
➢ Актуелно (17.05.2024, во 14:23:00)
👁 Прочитано: 572





Предавање на тема: Странски директни инвестиции - Привлекување и задржувањеКликни за повеќе

Во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија  се одржа предавање на тема Странски директни инвестиции - Привлекување и задржување, од страна на гостин предавач од Германија,  д-р Мартин Каспар,  специјалист за странски инвестиции и редовен колумнист во fDi Intelligence и Investor Monitor, чиј домаќин беше Виктор Мизо, претседател на Совет на странски инвеститори и Потпретседател на групацијата КОСТАЛ. 
Во присуство на преставници од компаниите -странски инвеститори присутни во земјава, претставници од државните инситуции, меѓународни организации, дипломатски претставништва и професионалци кои биле и се инволвирани во процесот на привлекување на странски инвестиции, предавањето беше проследено со голем интерес и отвори дискусија и многу нови прашања поврзани со процесот на привлекување на инвестиции, потребата од стратегија и нови стимулативни мерки за привлекување на СДИ, прашања поврзани со државна помош и грижата за компаниите по инвестирањето, како многу значајна фаза за донесување на одлуки за реинвестирање.

 

При анализата на СДИ направена од корпоративен и академски апект, д-р Каспар ја потенцираше потребата на континуирано подобрување на инвестициската и бизнис клима во земјата, проактивност и професионализација на институциите кои се занимаваат со СДИ и афтеркер, и одржување на квалитетен однос со инвеститорите заради подобро разбирање на нивните потреби и олеснување на процесот на нивно задржување и раст, т.е реинвестирање.

Служба за информирање при Комората