ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
👁 Прочитано: 3807





ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТКликни за повеќе

На 28.2.2020 година Во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси се одржа еднодневен семинар на тема: ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ.  Предавач на семинарот беше -проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер.

Целта на овој семинар беше учесниците да се стекнат со информации кои ќе им помогнат да осознаат како се воспоставува и одржува ефективна соработка во работно опкружување преку остварување на ефективна комуникација, да се во можност да го препознаат и да го оценат деловно опкружување што се развива брзо и во кое комуникациските вештини се од суштинско значење.

На овој семинар на учесниците им се презентираше како поефикасно да ги   подобрат сопствените вештини во областа на зборувањето, слушањето, читањето и составувањето текст.

м-р Анита Рафајловска