Ваквата амбиција на компанијата е нагласена во Извештајот на БАТ посветен на ЕОЦ, во кој се истакнува значителниот напредок кон остварување на целите на БАТ.
Во 2020 година Бритиш Американ Тобако ја објави својата амбиција да постигне јаглеродна неутралност во поглед на емисиите кои се резултат на неговите деловни активности до 2030 година. Оваа нова обврска, исто така, има за цел да ги намали емисиите во целиот синџир на вредности на БАТ. Тоа претставува надградба на тековните напори на компанијата да се инволвира со снабдувачите околу прашањата поврзани со климатските промени и да ги поддржи земјоделците со кои има договор во усвојувањето помалку јаглеродно-интензивни техники на одгледување.
Откако ја постигна својата цел на рециклирање вода и пред зацртаниот рок, БАТ најави и дека ќе го крене стандардот уште повеќе, за количината на вода што се рециклира да се зголеми на 30% до 2025 година. До 2025 година, БАТ има за цел и 100% од сите производни локации да бидат сертифицирани од Алијансата за управување со води (AWS). Ваквата угледна и независна ревизија во текот на сертификацијата ќе помогне да се потврди исправноста на управувањето со води од страна на БАТ.
Бритиш Американ Тобако работи на својата одржливост повеќе од 20 години. Во март 2020 година, БАТ најави дека ќе воведе нови цели за ЕОЦ, како дел од својата еволуирана стратегија да постигне “Подобро утре” (A Better Tomorrow). Последниот Извештај за ЕОЦ покажува дека БАТ има постигнато значителен напредок оттогаш, вклучително:
• Зголемување на потрошувачите на несогорливи производи за 3 милиони на вкупно 13,5 милиони на крајот од 2020 г.
• Зголемување на приходите од нови категории (heated tobacco, vapor, oral tobacco) за 15% во 2020 г. наспроти 2019 г.
• Зголемување на обновливата електрична енергија на 26% – пораст од 10% во однос на минатата година, како и намалување на целокупните емисии на јаглерод за 30% од 2019 година досега
• Намалување на количините исцрпени води за речиси 11% од 2019 година досега
• Одржување на над 38.000 обуки за човековите права, со учество на повеќе од 390.000 слушатели од целиот синџир на вредности на БАТ, и
• Постигнување 38-процентна застапеност на жените на управувачки позиции.
Според изјавите на Џек Боулс, главниот извршен директор на БАТ, компанијата се наоѓа во клучен момент од својата трансформација и е целосно решена да го изгради претпријатието на иднината. Во овој извештај е даден транспарентен отчет за нејзиниот напредок и нагласена амбиција. БАТ продолжува да поттикнува извонредност во сите области на ЕОЦ и со гордост ја најавува своојата нова решеност да ја прошири крајната цел за јаглеродна неутралност до 2025 година.
„БАТ е на пат да изгради Подобро утре (A Better Tomorrow) за сите, почнувајќи од овозможување избор на потрошувачите и поттикнувајќи ги да прејдат на производи за кои е научно докажано дека се со намален ризик, преку заштита на животната средина, па сè до почитување на човековите права и инвестирање во таленти. Крајна амбиција на раководниот тим на БАТ е да го намали влијанието на дејноста врз здравјето и да изврши позитивно еколошко и општествено влијание.
Напорите за постигнување одржливост на БАТ и неговата посветеност на примена на високи стандарди добија значителни независни признанија. Тоа се, нејзиното вклучување во Индексите на одржливост на Дау Џонс во текот на 19 последователни години, доделување БББ рејтинг од МСКИ (Морган Стенли Капитал Интернешенел) и статус на А листата на ЦДП.