НОВА СТУДИЈА ПОКАЖУВА ДЕКА ЦЕЛОСНИОТ ПРЕМИН КОН „ГЛО“, ПРОИЗВОДОТ НА БАТ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА ТУТУНОТ, ИМА СЛИЧЕН ЕФЕКТ ВРЗ БИОМАРКЕРИТЕ НА ПУШАЧИТЕ КАКО И ПРИ ПРЕСТАНОКОТ СО ПУШЕЊЕ
➢ Актуелно (09.07.2021, во 12:31:43)
👁 Прочитано: 3293





НОВА СТУДИЈА ПОКАЖУВА ДЕКА ЦЕЛОСНИОТ ПРЕМИН КОН „ГЛО“, ПРОИЗВОДОТ НА БАТ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА ТУТУНОТ, ИМА СЛИЧЕН ЕФЕКТ ВРЗ БИОМАРКЕРИТЕ НА ПУШАЧИТЕ КАКО И ПРИ ПРЕСТАНОКОТ СО ПУШЕЊЕКликни за повеќе

 

Доказите прибрани во период од 6 месеци покажуваат значително намалување на показателите на потенцијална штета за пушачите кои преминуваат исклучиво на „гло“, во споредба со оние кои продолжуваат со пушење на цигари. Резултатите од првата долгорочна студија укажуваат на континуирано намалување на изложеноста на одредени штетни материи и показатели на потенцијална штета кај пушачите кои целосно се префрлаат на „гло“.

Резултатите се во поддршка на ветувањето на БАТ за Подобро утре („A Better TomorrowT) преку намалување на влијанието на дејноста врз здравјето, охрабрувајќи ги пушачите кои инаку би продолжиле да пушат, целосно да се префрлат на алтернативи со намален ризик

Резултатите регистрираи во текот на 6 месеци, во 12-месечната студија, покажаа дека целосниот премин кон „гло“ резултираше со статистички значајни промени во низата на „биомаркерите на изложеност“ и во однос на потенцијалните индикатори на штета, познати како „биомаркери на потенцијална штета“, во споредба со продолжувањето со пушење.

Во однос на повеќето од биомаркерите мерени во текот на студијата, кај испитаниците кои користат „гло“ биле откриени намалувања слични на оние што биле утврдени кај учесници кои целосно престанале да пушат. Значителното намалување на вредностите на BoPH, кое може да се спореди со целосно одвикнување, претставува вистинско охрабрување и обезбедува дополнителна научна основа на аргументот дека „гло“ придонесува кон концептот на намалување на штети и со тоа ја поддржува амбицијата оваа компанија да постигне Подобро утре со намалување на влијанието врз здравјето

Врз основа на измерените токсини, корисниците на „гло“ во студијата демонстрираа:

· Значително намалување на биомаркерите на ризик од рак на белите дробови

· Значително намалување на бројот на бели крвни клетки, воспалителен симптом што укажува на ризик од кардиоваскуларни заболувања и други болести поврзани со пушењето

· Подобрување на холестеролот ХДЛ, поврзан со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања

· Подобрувања на два клучни показатели на здравјето на белите дробови

· Подобрување на клучниот показател на оксидативниот стрес, процес кој се јавува кај неколку болести поврзани со пушењето, како што се кардиоваскуларните болести и хипертензијата

Оваа студија е осмислена така што да може да го истражи потенцијалот за намалување на ризикот од употреба на „гло“ во реални услови, а не во контролирана средина. Единствената интервенција беше месечната посета на клиниката, при што на учесниците им се земаа примероци од крв и урина и се вршеа други испитувања. Примероците се тестираа во однос на „изложеноста на биомаркери“ (за избрани штетни компоненти на чад од цигари) и во однос на „потенцијално штетните биомаркери“. Покрај тоа, за да се обезбеди усогласеност, групи на корисници на „гло“ и на оние кои престанале да пушат беа тестирани во однос на биомаркерот ЦЕВал, кој покажува дали неодамна пушеле цигари.

Понатамошните резултати од студијата ќе бидат готови до крајот на 2021 година и ќе утврдат дали намалената изложеност на штетни материи и биомаркери на потенцијална штета се одржува во текот на целата студија.

БАТ е водечка компанија која произведува неколку категории на производи за широка потрошувачка, основана во 1902 година. Нејзината цел е да изгради Подобро утр со намалување на влијанието на нашата дејност врз здравјето, што поздразбира:

· обврска на возрасните потрошувачи да им се обезбеди широка палета на помалку ризични производи

· транспарентна информација дека класичните цигари претставуваат сериозен ризик за здравјето, а единствениот начин да се избегне тој ризик е да не се започне или да се прекине со пушењето

· охрабрување на пушачите целосно да се префрлат на научно поткрепени алтернативи со низок ризик*

· следење и споделување на напредокот на нашата трансформација.

Друштвото ја најави целта на зголемување на бројот на своите потрошувачи на 50 милиони до 2030 година и остварување на приходи од најмалку 5 милијарди фунти од новите категории до 2025 година.

Васко Ристовски
Оперативен директор на организационата целина за развој, иновации и знаење