Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Северна Македонија минатата седмица одржа состанок на кој учествуваа и претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и двете Асоцијации на тутунопроизводители. Притоа, беа анализирани состојбите со производството и откупот на тутун од реколта 2020 година како и состојбите со претстоечката берба од реколта 2021 година.
Согласно официјалните податоци, откупени беа 26.953 тони суров тутун со просечна цена од 158 ден/кг. Притоа, од типот Јака беа откупени 280 тони (1%) со просечна цена од 169 ден/кг, додека од типот Прилеп 26.673 тони (99%) по цена од 158 ден/кг. Производството не е намалевно во споредна со претходната година но просечната цена е драстично намалена, кога имавме 219 ден/кг.
Оваа година имавме лоша реколта. На крајот на откупот цената беше 48 ден/кг. Имаше три смртни случаи а инспекторатот, сојузот на тутунопроизводители и откупните фирми годинава закажаа. Субвенциите на тутунопроизводителите не се исплатени за 2019 и 2020 година. Имаше откупни компании кои не го земаа договорениот тутун а инспекторатот истите не ги гонеше-беше истакната на прес конференцијата во Стопанската комора на Северна Македонија
Нарушувања во текот на откупот имаше, но прецизни забелешки треба од страна на Асоцијацијата на тутунопроизводители да се достават писмено до ресорното министерство. За последната реколта имаше договорено околу 23.000 тони, а беа откупени 27.000 тони. Откупните компании излегоа во пресрет и го откупија целоит вишок, но ако и годинава истото се повтори - нема да биде добро. За среќа имаше разбирање и интерес од откупувачите, па целиот вишок се откупи но по пониска цена.
За последниот откуп имаше регистрирано десет откупни компании, но во меѓувреме една од нив беше затворена и не ги откупи договорените количини. Вишокот производство беше откупено од Сокотаб (повеќе од 1000 тони) ТКП-1052 тони, Алајнс Уан Македонија-852 тони. Сокотаб откупи 32,10% од овогодинешната реколта, Алајанс Уан Македонија 25,93%, Секе 14,2%, ТКП 13,60% а преостанатиот дел беше откупен од помалите откупни компании. Ако Закон за тутун и тутунски производи постои, сите треба да го почитуваат. Производителите истиот треба да го почитуваат за да нема вишоци и ситуации како годинава. Порано имаше Стокови резерви каде се откупуваше вишокот на тутун, но сега такво нешто нема, со што се отежнува решабањето на вишок производство.
Имаше 4000 тони вишок, што беше воедно проблем и за откупните фирми, Но не остана неоткупен тутун што е добро за тутунопроизводството.
Оваа реколта треба да биде поука за сите, за да не се повтори ситуацијата и со реколта 2021 година, односно да се преслика проблемот и во новата реколта. Немаше некој квалитет годинава, но имаше вишок производство.
Мора да постои баланс помеѓу производителите и откупувачите, компаниите се ограничени согласно потребите на светски пазар и ги обврзуваат одредени законски прописи. Оптимално производство согласно светската побарувачна е од 20-25.000 тони годишно. Се под тие количини, или пак над нив ќе биде проблем за откупувачите и производителите. Мора да имаме производство според стандарди кои се бараат од откупните компании, ако истите не се почитуваат секако дека тоа производство нема да се откпупува. Потребна е конкурентна продукција и со висок квалитет.
Најважен фактор за квалитетен производ се временските прилики, истите беа неповолни оваа година. Тутунот во минатото беше добро пакуван но со влегување на повеќе откупни компании на пазарот, правилата за откуп се нарушија.
За реколта 2021 година тутун е засаден на 11.784ха и се очекува производство од 22.137тони суров тутун во лист. Склучени се 27.670 договории и регистрирани 18.752 тутунопроизводители. За реколта 2021 година имаме намалени количини договорено производство. Потребно е внимателно следење на состојбите на терен и дали ќе се појави повторно вишок на тутун, за да се изнајде правовремено решение за проблемот со истиот.
Има помалку договори, и согласно нив се засадени каличини. Околу 35% од тутунот е исушен како резултат на грешки во расадувањето, но факт е дека има вишок засаден тутун без договори, информираа од Здружението на тутунопроизводителите.
Расадувањето беше лошо а годината сушна, повеќе од 30% од тутунот не беше зафатен. Бербата од овогодинешната реколта е на сам почеток. Поради појавата на град во одредени региони, бербата сеуште не е почната и има предизвикано големи штети. Сушата е добра за квалитетот на тутунот, но ќе има помала продукција и генерално не е добро за реколтата. Бербата доцни насекаде а сушата си го направи своето.
Се уште е рано за проценки, но ако се подобрат условите, можно е годинава повторно да имаме вишоци, изјави претставникот на ТКП. Реколтата доцни а количината на дожд е за 45% помала во однос на минатите години.
Затоа, потребно е да се следи состојбата во текот на вегетацијата кај тутунот, а доколку се појави вишок производство-да се преземат потребни мерки.
Согласно податоците но и очекувањата, има повеќе засаден ориентален тутун за реколта 2021 година од склучените договори. Климатските прилики се доста неповолни, па затоа се очекува производство согласно планираното. Доколку се подобрат временските прилики (дожд), ќе се јави вишок производство како и минатата реколта кое ќе мора да се решава заедно со преостанатите залихи од последната реколта, беше кажано на денешниот прес.