НОВО ЛИСИЧЕ – ОПШТИНА АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ
Локација: бул. АСНОМ бр. 33, Ново Лисиче, Аеродром, Скопје
Слободен 1 деловен простор од 33 m²
Во објектот има еден слободен атрактивен деловен простор, локал бр. 3 со површина од 33 m² плус паркиралишта пред самиот Локал. Модерниот станбено-деловен објект Ново Лисиче 961/11 е на булевар АСНОМ бр.33, Ново Лисиче, во општина Аеродром, Скопје, во рамките на новата современа населба со девет згради во ист препознатлив стил на Адора и новиот деловно-трговски центар Рамстор, изграден од Адора инженеринг. Деловниот простор во Ново Лисиче има сопствени паркиралишта во непосредна близина, за
сопствениците и клиентите.
Објектот е меѓу булеварот „Видое Смилевски Бато“, ул. Февруарски поход и булеварот АСНОМ, на главните сообраќајни артерии за влез и излез од Скопје, од и кон Велес,
Куманово и Белград, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, кејот на реката Вардар, новиот парк со авион и црквата Св. Јован Крстител, донација на фондацијата проф. Д-р Ванчо Чифлиганец.
Во овој модерен, нов дел на Скопје, со голем број жители, изразена фрекфентност, добра инфраструктура и сообраќајна поврзаност, има одлични услови за развој на успешен бизнис од различни дејности.